Денес излезе новиот податок од Државниот завод за статистика со кој се потврдува дека имаме пад на невработеноста во четвртиот квартал на 23.1% од претходните 23.4%, што е пад за 0.3%, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на својот Фејсбук профил.-Ова е значителен податок бидејќи падот на невработеноста се случува во исклучително сложени економски и политички услови кои се предизвикани од политичката криза која што беше наметната на нашата држава. Овој пад ќе беше уште поголем доколку завршеше оваа политичка криза. Инаку, имаме пад од над 14% на невработеноста, од 38% во 2005-та, на досега рекордни 23.1%, или тоа се над 170 илјади нови работни места кои се отворени во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста да управува со државата. Затоа е потребен крај на политичката криза, а единствено тоа е можно преку нови парламентарни избори каде граѓаните ќе може да го кажат својот глас и да гласаат за програма која е понудена и позната на граѓаните, по што ќе биде формиранa стабилна влада за сите граѓани. На Македонија и е потребна стабилност. Нашата цел е стабилна, унитарна и просперитетна држава, која чекори кон остварување на своите стратешки цели, држава на среќни граѓани, додаде Груевски.
-Ова е значителен податок бидејќи падот на невработеноста се случува во исклучително сложени економски и политички услови кои се предизвикани од по