Македонија продолжува напред! Нова инвестиција на Van Hool. Реномираната белгиска компанија отвора втора фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот ФБ профил.-Во првата веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Условите со кои ги креиравме и добрата бизнис клима даваат резултат. Упорноста и пожртвуваноста на владиниот тим, пред се на Веле Самак кој ги донесе Van Hool во земјава и на Виктор Мизо кој ја договараше втората инвестиција, беа клучни за овој успех. Секако, своја заслуга имаат и потпретседателите на владата. Македонија од земја надвор од мапата на инвеститорите, стана земја која според добрата бизнис клима е 6-та во Европа и 12-та во светот. Практично, за оние кои бараат поконкурентни услови за работа, Македонија е прва во Европа имајќи предвид дека земјите пред нас на ранг листата на светска банка (Англија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска) имаат високи трошоци за правење бизнис, напиша Груевски.
Тој нагласува дека инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе се вработат повеќе стотици луѓе.
-Аирлија! Е вака се сака својата држава!, заврши Груевски. -Во првата веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Условите со кои ги креиравме и добрата бизнис клима даваат резултат. Упорноста и