Во Кратово од субвенции инесуваа 150 милиони денари, тоа се 2.500 милиони евра само за земјоделците во Кратово, направивме реконструкција на четири училишта во кои се инвестираше над 17 милиони денари. Преку проектот рурален доктор во Кратово се посетуваат повеќе села од рурален доктор. Го спроведовме и докторот специјалист кој ќе овозможи специјалистички услови поблиску до местото на живеење на кратовчани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски. -Се реализираше и проектот каде што над 260.000 пензионери го искористија проектот бањско климатска рекреација, се отвори кујна за најранливите, дневен центар за деца со посебни потреби, а направивме и целосна обноса на фасади и објекти на старата гратска архитектура. Ја саниравме и „Златкова кула“ и направивме реконструкција на кино салата во Кратово, изградивме тениски терен, фудбалски терен, како и две повеќе наменски игралишта во вредност од 24 милиони денари и велосипедска патека во Кратово, истакна Груевски.
Тој исто така потенцираше дека растеа и платите во јавниот сектор, растеа и субвенциите, а се планираат и нови зголемувања на пензиите, на социјалната помош како и зголемување на минималната плата до крајот на 2020 ќе изнесува 14.000 денари.
-Во Македонија ќе отворат нови 70.000 работни места во наредните четири места, ќе продолжи и проектот купи куќа купи стан, имаме и нов проект за купување на куќи од страна на лица не постари од 36 години. Овде во Кратово се направија многу работи, а ќе се направат и многу други во иднина. Ќе се отвори и нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе, значајна за градот е и изградбата на екпресниот пат Ранковце-Кривапаланка во должина од 26 километри, во изност од 78 милиони евра, а предвидено и е изградба на втората фаза на хидро системот Злетовица, потенцираше Груевски.-Се реализираше и проектот каде што над 260.000 пензионери го искористија проектот бањско климатска рекреација, се отвори кујна за најранливи