Едната работа која ние ќе ја правиме е презентирање на нашата програма и реална понуда, и она што ние по изборите како Влада реално ќе го направиме. Тоа е најобемната политичка програма досега, и во неа има прецизно и темелно објаснето што како и во кој рок ќе се прави, изјави Груевски.-Ние ќе го правиме тоа. Тие нека се занимаваат со деструкција ние ќе кажуваме што ќе создаваме, градиме, правиме за граѓаните на оваа земја, за нашиот народ… Тие ќе пробуваат да ветуваат дека сега му е мајката за редефинирање на Македонија и слично, а ние ќе стоиме зад нашиот даден збор и ќе работиме за нови проекти за граѓаните… Затоа ќе ја продолжиме политиката на ниски даноци и ослободувања од оданочување и намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за повеќе нови категории на производи и услуги при што покрај намалувањето на ДДВ од 18% на 5% за печки и котли на пелети и на пелетите за греење, ќе извршиме намалување на ДДВ од 18% на 5% на ветеринарните лекови, на услугите на ветеринарните друштва. Ќе има намалување на ддвето од 18 на 5% и за влез на спортски натпревари, за изнајмување на спортски објекти. Ќе има ослободување од царински давачки и ДДВ за специјални такси возила за превоз на лица со инвалидност и намалување на акциза за „намешани“ биогорива како и ќе извршиме ослободување од плаќање на увозни давачки за државјани на Република Македонија кои живеат во пограничен појас, за производи добиени од нивните имоти, рече Груевски.
СДСМ, нагласи тој, ќе размислуваат како да не закрват ние ќе се подготвуваме за во новата Влада работејќи на целосна обнова на возниот парк на Македонски Железници.
-Ефектите од обновата би бил поефикасен патнички и товарен сообраќај, потрошувачката на дизел горивото и средствата за одржување на возниот парк значително би се намалила, а квалитетот на услугите во патничкиот транспорт ќе се издигне на повисоко ниво. Во рамките на овој проект се планира да се набават вкупно 5 возови и тоа: 3 нови дизел моторни возови и 2 нови електро-моторни возови за што ќе инвестираме 22,5 милиони евра. За поефикасен транспорт на стока и патници, а во рамките на проектот за обнова на возниот парк ќе се набават и три нови електрични локомотиви за што ќе инвестираме нови 7 милиони евра.
СДСМ ќе се занимава со нереални ветувања, а ние со она што реално ќе го изградиме,па така сакам да објавам дека ќе изградиме нов експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија и ќе извршиме модернизација и реконструкција на двата влеза во Битола. За сето ова ќе инвестираме нови 10 милиони евра, а работите ќе почнат наредната 2017та година и ќе се одвиваат до 2020 година, рече Груевски.
СДСМ и пред се Зоран Заев особено во 4та изборна единица ќе се занимава со критики и манипулации, а ние освен изградбата на експресниот пат Штип Радовиш, и реконструкција на автопатска делница Неготино – Демир Капија, ќе извршиме и обнова на регионалниот пат Струмица – Попчево – Белотино – Рич – Конче, на регионалниот пат Нов Дојран – Фурка, на регионалениот пат Гевгелија – Богданци – Фурка, на регионалниот пат Прилеп– Боротино,на регионалните патишта Прилеп – Битола како и патот Гевгелија – Смоквица. Ќе ги обновиме и регионалните патишта Струмица – Ново Село, Неготино – Кавадарци како и Росоман – Кавадарци. Севкупната проценета инвестиција на овие патишта кои ги спомнав е 79 милиони евра. 79 милиони евра за експресни и регионални патишта за градовите и населените места во 4та изборна единица.
-Значи, само денеска кажувам 4 нови проекти во нашата програма. Намалување на ддв-то од 18 на 5% и низа даночни поволности во повеќе области, целосна обнова на возниот парк на македонски железници, нов експресен пат од Битола до Меџитлија и обнова и реконструкција на влезовите во Битола, како и 79 милиони евра во изградба на експресни и регионални патишта за градовите и населените места во 4та изборна единица. Ќе има уште многу нови проекти. Затоа ние сме поразлични од нив и затоа ние имаме поддршка од народот, затоа што народот знае што е подобро за него, знае кој може да направи подобро за него и за нашата држава. Тој виде дека ние кога ветуваме потоа реализираме, остваруваме, рече Груевски.-Ние ќе го правиме тоа. Тие нека се занимаваат со деструкција ние ќе кажуваме што ќе создаваме, градиме, правиме за граѓаните на оваа земја, за наш