Груевски: Од кога СДСМ стапна во Владата- се нарушија националните интереси, се намали просечната плата

Изминативе 4 ипол месеци ги видовме какви се овие од новата вештачки залепена власт. Нарушени национални интереси, штетен договор со Бугарија, најава за смена на името и идентитетот, колапс на економијата, пензионерите ги оставија без зголемување, се намали просечната плата, иако беше ветено дека ќе имаме зголемување на просечната плата на 500 евра, во првите неколку месеци од како дојде СДСМ таа константно се намалува и веќе е намалена во просек за 420 денари. И тоа е од денот кога СДСМ стапна во Владата.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кичево.
-Индустриското производство во јули наспроти јули минатата година падна за 2%, во август оваа година наспроти август мината година падна за 5,3%, кој знае како ќе биде во септември наспроти минатиот септември. Прометот во индустријата падна за 9,1%, БДП падна за околу 2%, паднаа девизните резерви за над 170 милиони евра, подвлече Груевски и додаде:
„Даноците најавија јавно дека ќе ги зголемат. Можеме да предпоставиме дека веднаш по локалните избори ќе го реализираат зголемувањето на персоналниот данок на доход, данокот на добивка, придонесите за здравство и придонесот за пензиско осигурување. Субвенциите за земјоделците ветуваа дека ќе пораснат за 10%, не пораснаа, туку се случи друго- најавија дека после изборите, оние земјоделци кои нема да имаат поголем приход во годината од претходната, нема да добијат воопшто субвенции“.
Непотизам и тендери, рече Груевски, за лично богатење колку Ви душа сака. -Нема недела, а да не пукне некоја афера за некој газда од Владата што сака да добие некој тендер или пак што вработил некој близок роднина, го назначил на некоја функција.
„Се што говореа и ветуваа се обратно прават, се што кажуваа дека нема да прават, прават многу повеќе. Ние тоа што го ветувавме и го исполнувавме. Нашиот збор вреди. Ветивме повисоки пензии, поголеми плати, ветивме воведување субвенции и нивно зголемување, нови работни места и сето тоа го исполнивме“.
 
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кичево.

Пронајдете не на следниве мрежи: