Груевски од Росоман: Нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците

Нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците или по 150 милиони евра годишно, државно субвенционирање на купувањето трактор, 80 процентно субвенционирање на изградба на систем „капка по капка“ и на замена на стадата говеда, кози…, со високоприносни раси, воведување професионалн советници за земјоделците, се дел од проектите од Програмата „Реално“ на кои се осврна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со жителите на Росоман.– Ние и досега многу вложувавме за да им помогнеме на земјоделците кои беа оставени на маргините на општеството. Македонија во време на СДСМ беше земја речиси без субвенции за оваа категорија граѓани. Со нашето доаѓање се воведоа стандардни субвенции, но и вонредни услови на неповолни временски прилики. Така ќе продолжиме и натаму, рече Груевски.
Осврнувајќи се на проектот за советници на земјоделците, тој појасни дека тие ќе функционираат по принципот на капитација како матичните лекари и ќе се борат со добри совети и добра помош и поддршка за поголеми приноси да им помогнат за да ги задржат кај себе. Тие, додаде Груевски, ќе бидат високо образувани и со одлични познавања на оваа област, ќе бидат задолжени да ги посетат земјоделците на нива, но и писмено да остават што го советувале земјоделецот за да може да се види ефектот на крајниот принос.
Груевски пред жителите на Росоман изјави дека ќе продолжи реализацијата и на старите проекти во областа на земјоделството, како што е поддршката од 10.000 евра за млади земјоделци кои ќе отворат земјоделски бизнис или 60 постотно субвенционирање на вредноста на опсигурувањето на посевите.
Тој информира дека граѓаните ќе имаат можност и да ги искористат поволностите од проектот „Од град во село за нов почеток“ при што ќе добиваат субвенции од 6.000 евра за изградба или реконструкција на куќа, 15.000 денари месечно во првите 18 месеци, 80 процентно субвенционирање за купување високоприносен добиток и пасиште од 10 хектари, 80 проценти субвенција за изградба систем „капка по капка“…
Росоман, потенцира Груевски на денешната средба со граѓаните, може да ги користи и придобивките од проектот за руралните развојни зони зашто, како што рече, нуди можност секое населено место помало од 10.000 жители да добие поволности како оние во технолошко-индустриските развојни зони, па дури и поголеми.
Секој што во наредните пет години изгради погон, фабрика, отвори хотел, земјоделско-дистрибутивен центар и вработи луѓе 10 години ќе биде ослободен од плаќање данок на добивка и персонален данок на доход, а за 50 проценти ќе му биде намалена висината на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Исто така, владата ќе му даде средства во висина од 10 проценти од потребните за изградба на капацитетот. На ваков начин, смета Груевски, и овде во Росоман како и во другите помали места ќе можат да се отворат поголем број капацитети и да се вработат поголем број граѓани. Македонија, потенцира Груевски, е прва држава во светот која воведува ваков тип рурални развојни зони.
Тој на денешната средба со граѓаните во Росоман најави довршување на изградбата на експресниот пат Градско – Росоман – Прилеп, инвестиција вредна 80 милиони евра, реконструкција на регионалниот пат Росоман – Кавадарци во висина од 600 илјади евра, реконструкција на повеќе локални патишта, изградба на детска градинка, реконструкција на училиште, изградба на игралиште за баскет.
Граѓаните на 11 декември, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаат можност да бираат меѓу оние кои ветуваат и го реализираат ветеното, го почитуваат народот и ги решаваат неговите проблеми и оние кои тоа не го прават и мислат дека некој друг од надвор, а не од народот треба да ги донесе на власт.– Ние и досега многу вложувавме за да им помогнеме на земјоделците кои беа оставени на маргините на општеството. Македонија во време на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи: