Заплашувања на избирачи не смее да има. Ако има ќе одговара секој оној кој учествува во тоа, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.-За да се спречи вакво нешто државниот обвинител обзнани дека ќе има посебен оддел кој ќе се занимава со вакви случаи. Ние испративме јасна порака до сите наши членови, функционери дека нема да толерираме такво нешто. Ние имаме чиста победа пред нас и никој нема да се дрзне да направи такво нешто. Ако сепак некој се дрзне ќе одговара. Министерството за информатичко општество и администрација обзнани дека отвора канцеларија за вакви предмети за случаи поврзани со државни и јавни службеници, и дека ќе превзема мерки во соработка со невладиниот сектор за менаџирање со вакви предизвици. Значи и тука направивме се што се бараше од нас и се што е потребно, рече Груевски.
-Околу мешањето на партијата и државата, сакам само да потсетам дека тоа го кажува истиот Зоран Заев кој го назначи неговиот генерален секретар на партијата СДСМ за министер за внатрешни работи. Истиот Зоран Заев кој гледа како сопругот на неговата министерка за труд и социјална политика се унапредува по неколку скалила, кој изјавуваше дека ќе менуваат се од чистачка до министер и сведоци сме дека тоа во сите министерства кои ги зедоа и се случуваше и се случува. Имам впечаток како човекот толку го потценува народот што мисли дека некој ќе му верува во оваа поента. Има ли поголемо мешање на партијата со државата во ситуација кога неговиот министер за внатрешни на денот кога поднесува оставка истовремено менува 100 лица во МВР? Човек навистина не знае што да искоментира во вакви околности, освен дека е очигледно дека опозицијата нема никакви аргументи за бегањето од избори, заклучи тој.-За да се спречи вакво нешто државниот обвинител обзнани дека ќе има посебен оддел кој ќе се занимава со вакви случаи. Ние испративме јасна порака