Груевски: Оставаме полна каса и над 170 илјади повеќе вработени граѓани од она што го затекнавме

Во 2006. година затекнавме едвај еден милион евра на сметката на буџетот и веќе по неколку дена активирани извршни судски решенија таложени долг период во износ од 30-тина милиони евра, така што уште во првата недела се соочивме со наследството наречено блокирана сметка на буџетот. На почетокот на оваа недела буџетот имаше 180 милиони евра, од кои во меѓувреме се исплатија околу 50 милиони евра за субвенции за земјоделците. За разлика од нив оставаме полна каса и здрав буџет. И тоа со значително намалени даноци од оние кои ги наследивме.Ова од собраниската говорница вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Затекнавме закон за ДДВ во кој на 10-тина сектори стапката им беше покачена од 5 на 18 отсто ДДВ. Ги намаливме на 5 отсто. Во тоа влегуваа ДДВ-то за лекови, за јавен транспорт, за земјоделски препарати и механизација, за компјутери, за туризам, за масло за јадење, и повеќе други, посочи Груевски.
Вели дека затечените високи даноци ги намалиле на ниво, што минатата година Македонија беше прогласена за земја со најниски даноци во светот, и потсетува Груевски, воведовме рамен данок од 10 отсто. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека со намалени даноци, намалувајќи ја сивата економија, добиле многу повеќе приходи во буџетот.
-Сега, после изборите имаме веќе конкретна најава за 80 отсто зголемување на персоналниот данок на доход за оние со повисоки примања. Тоа значи, за оние кои имаат високо образование и со својот труд и интелект се избориле за повисока плата, освен ако работодавачот не одлучи да им ја зголеми бруто платата, тие ќе земаат пониска нето плата. Не знам дали беа свесни за ова гласачите на СДСМ кога гласаа, но ќе следува зголемување на персоналниот данок на доход од 10 на 18 отсто за оние со поголеми примања, а слични трендови се најавени и кај придонесите, кои ни ги оставија на ниво од 32 отсто, а ние ги оставаме на ниво од 26 отсто, истакна Груевски.
Според него, владата на ВМРО-ДПМНЕ наследила државен долг од околу 39 отсто од бруто домашниот производ.
– Сега по сите кризи, светската економска, европската должничка и македонската политичка криза нивниот е исто. Околу 39 отсто од БДП, и покрај лажно создадената перцепција дека сме ја презадолжиле земјата, таа се уште е меѓу најмалку задолжените во Европа, објаснува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека затекнале се на се 560 илјади граѓани кои биле во работен однос, а денес вработени се над 732 илјади граѓани.
– Оставаме над 170 илјади повеќе вработени граѓани од она што го затекнавме, и тоа токму по прашањето кое по сите анкети е најважно за граѓаните на Македонија. Наследивме невработеност од 38 отсто, сега е 23 отсто, посочи Груевски.
Според него, во минатото само највозрасните се сеќаваат како изгледало да се отвори нова фабрика, а сите останати биле експерти за затворање и стечаи. Груевски потенцира дека денес отворањето нови фабрики е секојдневие, а затворањето е вистинска реткост.
–  Светската банка во 2006. ја рангираше на 94 место Македонија во светот според добрата бизнис клима. Денес ја рангира на 10. место во светот и 5. место во Европа, истакна Груевски.
Вели дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има донесено во финиш на преговори и потпишување договори со голем број странски компании за нивен влез Македонија.
– За нив се е изработено, и освен ако намерно не се избркаат, нив Македонија веќе ги има, а со тоа и многу нови работни места. Покрај ова, многу  нови работни места се програмирани за следните три години и во оние компании кои ги донесовме и веќе инвестираа, рече Груевски.
Просечната плата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија во 2006. година беше 11.700 денари, а денес е околу 22.700.
– До 2006-та владата на СДСМ одбиваше со закон да определи минимална плата. Ние воведовме, најпрвин околу 8 илјади, а денес е над 10 илјади денари со нагорен програмиран тренд во Законот, посочи Груевски, дополнувајќи дека најниските пензии во Македонија пораснаа за повеќе од двојно, односно на 106 отсто, а просечната за околу 80 проценти.
Според него, субвенции за земјоделците речиси немаше до 2006. година, а оттогаш па наваму околу 1,1 милијарда евра се исплатени за субвенции.
– Социјалната помош порасна за над 80 отсто. Платите во администрацијата пораснаа за 30 отсто, истакна Груевски.
Ова од собраниската говорница вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Затекнавме закон за ДДВ во кој на 10

Пронајдете не на следниве мрежи: