Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук објави одлична вест за македонските рудари – рестартирање на рудникот „Тораница“.Во продолжение интегрален текст од објавата на Груевски
-Одлична вест за македонските рудари. Се рестартира рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка. Дополнително ќе потсетам дека рудникот Добрево од Пробиштип беше рестартиран и започна со работа пред три месеци. Само овие два рудника ќе обезбедат вработување на 900 рудари што ќе преставува силен поттик и решавање на егзистенцијата на повеќе од 900 семејства од Крива Паланка, Кратово, Злетово, Пробиштип. Во рудникот Тораница моментално работат 210 вработени, а во наредните два до три месеци бројката ќе достигне над 450 вработени. Во рудникот Добрево работат 300 вработени со план оваа бројка да достигне околу 450. Станува збор за решавање на проблем на кој работевме во текот на минатата и оваа година, при што од една, навидум безизлезна ситуација, во која двата рудника Тораница и Добрево од Пробиштип, беа доведени во стечај поради финансиските проблеми на претходниот сопственик, да дојдеме до точка истите бидат една успешна приказна која ќе обезбеди егзистенција на многу македонски граѓани. Силниот ангажман и брзата реакција на владата придонесе буквално овие рудници да бидат спасени од нивно целосно замирање. Од страна на инвеститорот Минстрој имаме најави дека во двата рудници планираат инвестиција која ќе надмине 20 милиони евра и враќање на сите рудари кои претходно остана без работа. Рестартирањето на двата рудника беше наше ветување до граѓаните и ние тоа го остваривме. Тоа ни дава кредибилитет и поттик да направиме многу повеќе. Затоа поддршката за македонското рударство продолжува. Во следниот мандат во нашата програма „Реално“ предвидуваме десетина нови рудници кои ќе бидат отворени и ќе започнат со ископ на руда. Тоа значи стимул на македонската економија, зголемен извоз, но и отворање на многу нови директни и индиректни работни места. Решавањето на проблемите е она што ги интересира македонските граѓани и ние тоа го правиме. Тоа не’ разликува од нашите политички противници и ние ќе продолжиме да работиме за доброто на граѓаните. Да обезбедуваме работа, сигурност и напредок, пишува Груевски на Фејсбук.Во продолжение интегрален текст од објавата на Груевски
-Одлична вест за македонските рудари. Се рестартира рудникот за олово и цинк &bdquo