Груевски оствари продуктивна средба со Чарли Грант

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со партиска делегација во чиј состав се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, како и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски ја започнаа својата посета на Лондон, Велика Британија во рамките на која ќе се остварат повеќе средби со политичари и влијателни личности од јавниот и општествен живот.Во таа насока денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со партиската делегација оствари средба со раководниот тим на една од највлијателните тинк-тенк организации во Брисел, со седиште во Лондон Велика Британија, со Чарли Грант директор на Центарот за европски реформи, како и со извршниот директор на центарот Иан Бонд.
На средбата се разговараше за повеќе прашања поврзани со актуелните случувања во Македонија и регионот, при што беа афирмирани ставовите за стратешките интереси на Македонија поврзани со интеграциите во НАТО, ставањето на крај на политичката криза наметната од опозицијата, справувањето со мигрантската криза.
-По посетата на САД и Германија, по наша иницијатива дојдовме во посета на Лондон да се сретнеме со повеќе луѓе од политичкиот живот, дипломати, креатори на јавното мислење за да разговараме за Македонија, за предизвиците, проблемите и стратешките ориентации и она што е значајно за нас да пренесеме прецизни информации околу случувањата и околу плановите понатаму. Следуваат избори и по изборите следува нова Влада, така што ова, е добра можност да се зборува за минатото, но уште повеќе за иднината на државата, истакна Груевски по средбата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за средбата со раководниот тим на  британска тинк-тенк организација изјави:
-Денес остваривме средба со еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел, чие што седиште е тука во Лондон, со кој што разговаравме за сите аспекти значајни за Република Македонија, за се она што досега се случувало, и како реформи и како предизвици, и за се она што очекуваме да се случува, и како планови, реформи и развој кои што се значајни за Република Македонија. Станува збор за исклучително позната организација која што има огромно влијание кај многу политичари и влијателни  кругови, така што беше задоволство прецизно да ги информираме за случувањата во Македонија и за она што следува во државата до изборите но и по нив, истакна Груевски.
Директорот на влијателната тинк-тенк организацијата Чарли Грант  изјави оти верува дека Македонија ќе стане членка на НАТО што побргу.
-На НАТО му требаат повеќе земји внатре во организацијата, меѓудругото и да се зајакне сигурноста  и безбедноста во меѓународни рамки. Не гледам причина Македонија да не стане членка на НАТО што побргу, истакна Грант.
Tој се осврна и на справувањето со мигрантската криза при што истакна дека Македонија одигра клучна улога со справувањето на овој глобален предизвик.
–Европската Унија и Британската влада многу ја почитуваат улогата која Македонија ја одигра справувајќи се со бегалците на Балканот, а кој транзитираа и доаѓаа од Турција и Грција и преку балканските држави кон северна Европа. Македонија имаше конструктивна улога и сите го препознаа тоа, посочи Грант.Во таа насока денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со партиската делегација оствари средба со раководниот тим на една од највлијателни

Пронајдете не на следниве мрежи: