Груевски оствари средба со високи преставници на делегацијата од ОБСЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев остварија средба со високи преставници на делегацијата од ОБСЕ.На средбата беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше осудено непочитувањето на Уставот, законите и деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициони партнери. Беше истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови, и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, беше истакното дека потребно е гласање за Претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. -Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт.
ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните и Република Македонија.
 На средбата беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата. Од страна на ВМРО-ДПМН

Пронајдете не на следниве мрежи: