Ова е време кога народот одлучува на избори и најважна е неговата оценка за тоа каква држава сака, а силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот. Опозицијата греши кога се противи на изборите правдајќи се со разни изговори и блефови, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на отворањето на политичката академија на партијата организирана во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.– Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс штитејќи ги државните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш успева да го постигне тој баланс, при што најважни за нас се граѓаните и интересот на државата. Рационалното и разумно однесување, но и штитењето на националните и државните интереси е кодот на нашето однесување. Притоа важни ни се и демократските вредности, а нема поголема демократија од тоа кога народот одлучува и се слуша неговиот глас. Тоа е фундаментот на демократијата, народот е тој кој одлучува, а за нас како ВМРО најважно е мислењето на граѓаните, неговата волја и неговиот став, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, како што нагласи Груевски, е важно обезбедувањето на избори.
– Изборите се гласот на народот кој независно од тоа дали на некој му се допаѓал или не се најдобриот, но и најгромогласниот одговор на сите случувања во нашата држава, а гледам сметаат дека со тоа што се против избори вадејќи разно разни изговори, правдања и спроведувајќи блефови дури и изнасилени правдања ќе го одолжат соочувањето со народот. Јас би им порачал – грешите. Вие таа порака ќе ја добиете и таа порака ќе биде повеќе од јасна. Оваа држава припаѓа на граѓаните. Одамна помина времето кога народот беше во втор план. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, во неговата поддршка која ја добиваме и тоа е сила која Македонија ја носи напред, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Тој посочи дека некои ја имаат деструкцијата за примарна дејност, а ВМРО-ДПМНЕ ја има својата програма која е математички пресметана со прецизни рокови и динамика на спроведување.
– Нашите цели подразбираат големи чекори и многу напорна работа. Тоа всушност го бара нашата држава која влече рецидиви од минатото, но и голем број актуелни проблеми од непромислените политики на нашите опоненти, рече Груевски и порача дека претстои период на многу напорна работа во кој треба државата да излезе од политичката криза, во која, како што рече, ја втурна СДСМ.– Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс штитејќи ги државните интереси, а ВМРО-ДПМ