Груевски: Оваа марионетска власт е донесена, а не избрана од народот, за да попушти и ги задоволи сите, освен сопствениот народ

Членството во НАТО е нешто што беше во врвот нашите приоритети додека бевме на власт, а и сега. За Македонија е многу важно да стане дел од НАТО Алијансата и дел од ЕУ.Тоа никогаш не било спорно. Ние во 2008 година пред самитот во Букурешт ги бевме исполниле сите услови за зачленување во НАТО, а една година подоцна и за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата, што беше и јавно обелоденето од нивна страна. Сепак, пречка за реалзиација на овој наш стремеж беше нашето име и идентитет, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за „Република“.
Тој посочува дека името е дел од идентитетот, и намерата е идентитетот да ја следи судбината на името, на еден или на друг начин.
-Грција не прифаќа да имаме договор кој би го поминале во нивниот парламент, во кој нашиот јазик и националност би се напишале на англиски како „македонски“, односно macedonian. Тоа значи дека не подготвена да го прифати нашиот идентитет, и бара и ќе бара разни форми за тоа да не се случи. Една од тие форми е и во договорот воопшто да не се третира идентитетот преку формата на името на јазикот и нацијата. Тоа кај нас би требало да предизвика радост, поточно да се продаде дека не сме го смениле идентитетот, но, во реалноста нема да е така, затоа што Грција нема да дозволи никаде во меѓународните политички институции да пишува Macedonian за нашиот јазик или нација, смета претседателот на партијата.
Како што вели тој оваа марионетска власт е донесена, а не избрана од народот, за да попушти и ги задоволи сите, освен сопствениот народ.
-Грција, како и цел свет знаат дека ова е марионетска власт која е донесена, а не избрана од народот, со цел да попушти по ова прашање и да направи целосно редефинирање на земјата. Да ги задоволи сите други, освен сопствениот народ. И кога ја знаеш таквата позиција на преговарачот од другата страна, сигурно дека ќе бараш и повеќе, вели Груевски во интервјуто.
Тој посочува дека планот им е преку заплашувања, притисоци, апсења и поткупи да го решат тоа.
-Се чини имаат одврзани раце од надворешните фактори да прават што сакаат, ако е со цел да попуштат за името. Народот го чувствува тоа. Ова е висока политика и геополитика, а не терање правда. Планот им е луѓе да гнијат по притвори и затвори, да не излезат од судници, да одговараат за конструирани работи, судиите да судат без докази како што ќе им се каже, медиумите да го оправдуваат сето тоа. Ќе се уништуваат и оцрнуваат личности, семејства, луѓе, партии и се што е на патот на оваа марионетска власт. Само за да се оствари големата геостратешка цел, која за да биде иронијата поголема не е спорна за нас во ВМРО-ДПМНЕ, и напротив е најмалку исто, а и повеќе посакувана отколку во  СДСМ, тука мислам на членството во НАТО, само што разликата е во тоа што ние сакаме пофер договор по однос на суштината на спорот со нашиот јужен сосед, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа никогаш не било спорно. Ние во 2008 година пред самитот во Букурешт ги бевме исполниле сите услови за зачленување во НАТО, а една година подоцн

Пронајдете не на следниве мрежи: