Убедени сме дека кога сето ова ќе помине и кога со изборите ќе се испрати јасна порака до сите за тоа кои се прироритетите на нашите граѓани, тогаш со уште поголемо темпо ќе продолжиме кон она за што сме одбрани и кое граѓаните го очекуваат од нас. Нови можности за сите во сите сфери, нови работни места, поголеми плати, инвестиции и проекти.Оваа порака ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот голем народен собир во СЦ „Борис Трајковски“.
-Но ние ќе даваме како и досега само реални ветувања за тоа, а не од ракав исфрлени ветувања кои подоцна нема да се реализираат како што прави опозицијата не водејќи сметка за тежината на зборот кој го даваат пред вас, затоа што дадениот збор за нив нема вредност. Тие избори ќе бидат и референдум, референдум против она што опозицијата го правеше, референдум за враќање на позитивните теми проекти и развој, кои се дел од секојдневните проблеми што ги тиштат луѓето. Тие избори ќе бидат референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не Македонија каква што ќе ни ја скројат. Ние во меѓувреме промовиравме низа на проекти кои ќе ги реализираме по победата на следните избори. Гледам нашите противници се потсмеваат, но како и за многу други проекти за кој ширеа скептицизам и неверување откако се направија и се реализираа, тие молчат. Ние по изборите ќе изградиме 140 детски градинки. Ќе започне да се доделуваат субвенции и низа поволности за купување на електрични автомобили за граѓаните и компаниите, како и субвенции за вградување на плински уреди за автомобилите на бензин со што значително ќе се влијае за намалување на загадувањето на животната средина и секој ќе направи и финасиски заштеди од тоа. Дополнително ќе се започне со набавка на нови 50 електрични автобуси во Скопје. Ќе се отпочне и со проектот за субвенции за греење на пелети со што семејствата кој ќе го изберат овој начин на затоплување ќе може да искористат низа поволности. Објавивме и дека ќе се започне и со нов сет на мерки во земјоделието. 80 процента поддршка при вградување на систем Капка по капка и поддршкка при ископ на бунари, како и исто толку поддршка при набавка на високоприносен добиток, при што приносот, односно исплатливоста и заработка на земјоделецот може неколкукратно да се зголеми, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ќе започне да функционира и проектот за професионални земјоделски советници при што земјоделецот освен субвенции и поддршка која ги нуди државата во производството ќе добие и поддршка со совети следејќи ги најсовремените светски искуства и практики.
-Ќе се реализира и проектот за изградба на Агро берза во Неготино со што ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Ќе се започне и со реализација на проектот „Од село во град“ со што ќе се даваат низа поволности меѓу кој пари за купување или изградба на куќа и можност за користење на државно земјоделско земјиште за оние кои ќе се одлучат да се вратат да живеат на село. Освен овие проекти ќе започне примената на мерките за поддршка на спортот, за кои неделава веќе поминаа сите неопходни измени и дополни на закони во македонскиот парламент, потенцира Груевски.Оваа порака ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот голем народен собир во СЦ „Борис Трајковски“.
-Но ни