ВМРО секогаш кога се работи за Македонија историски се обединувало и било едно и така ќе биде и сега на 11-ти декември, истакна на митингот во Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ4, Никола Груевски.-Сакам да се обратам и до оние кои размислуваат да гласаат за некоја од помалите партии. Сите знаете дека тие помали коалиции на партии се создадени наменски, наменски за овие избори, затоа што некој мисле дека ќе ги прелаже граѓаните, да се гласа за нив наместо за нас, тие се дел од истата приказна, имаат улога на спотери знаат дека нема да добијат ниту еден пратеник, туку важно е однас да одземат макар 100, 200, 300 или 1000 гласови. Тоа е нивната улога и затоа деновиве гледаме типови како Павле кој 10 години беше на власт, 10 години беше дел од власта, беше дел од коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку ноќ човекот почна да зборува за режим, а 10 години беше од тоа тој што го нарекува режим, имаше претставници за директори, за заменици мистри и така натаму што ги делегираше тој лично и сето тоа што тој го работеше го нарекува сега режим затоа што најверојатно и на него некој од горе така му кажал што да прави, оти човекот го интересира од горе како ќе рекле.
Неговата улога и улогата на другите помали партии е само да направат да се занимаваме самите со нас и тие одработуваат можеби не толку за Зоран Заев некои го викаат Зоки Зеколи во последно време, туку повеќе за сценаристите кои гледаат на нашиот народ како на бројка, сценаристите вас ве гледаат како бројка, волку гласови да земе Павле, толку гласови да земе Љубе, онолку да земе овој и да се намали гласачкото тело на оние кои се борат за сувереност на државата, за унитарност на државата и оние кои сакаат народот да одлучува во оваа држава а не некој друг.
-Сите вие знаете дека гласот за малите партии е глас во празно и е дел од стратегијата да се одвлече вашето внимание од вистинскиот избор помеѓу нас и СДСМ, помеѓу мене и Зоран Заев. Ги повикувам сите кои размислуваат да гласаат за помалите партии кои создадоа некои мали коалиции, без разлика колку сте на број, да се обидиме да направиме максимални напори, да се обединиме затоа што знам дека во вашето срце е Македонија и дека во вашето срце е ВМРО. Едно е ВМРО и ВМРО не е само поединци и раководства, туку ВМРО е многу повеќе од тоа. Да им покажеме што е љубов кон Македонија и кон сопствената татковина. А што се однесува до малите партии на сите им е јасно дека после нивниот пораз на овие избори и неосвојување на ниту еден пратеник како што покажуваат анализит, малите партии кои одат сами и кои некој ги користи како инструмент ќе заминат во историјата, сите ние сме едно и сега не е време за лични и суетни одлуки, сега се работи за Македонија, а ВМРО секогаш кога се работи за Македонија историски се обединувало и било едно и така ќе биде и сега на 11-ти декември, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ4, Никола Груевски.-Сакам да се обратам и до оние кои размислуваат да гласаат за некоја од помалите партии. Сите знаете дека тие помали коалиции на партии се создаден