Марина во Охрид ќе се гради и веќе е објавен конкурс за идејно решение за две локации, информира денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион.Едната локација, појасни тој, е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија. Откако ќе се добијат идејни решенија ќе се одлучи на која локација ќе се гради марината.
-Има луѓе што сметаат дека треба на едното место, а други кај другото па затоа јавниот повик е да се изработи идејно решение за двете места. Потоа ќе се одлучи на кое и ќе се продолжи со правење проект и со изведба. Очекуваме работите да одат во добра насока и по завршувањето на идејниот и основниот проект ќе се оди на градба. Финансиската конструкција е обезбедена, изјави Груевски.
Во областа на туризмот, тој потсети дека се реализираат повеќе проекти, како во Охрид, така и низ цела држава.
-Покрај марината во Охрид ќе почне изградбата на плажата во Љубаништа, се гради и плажата во Дебарца. За плажата на Љубаништа некаде кон крајот на февруари треба да излезе тендерот за градба. Се разбира има и многу други проекти што ги предвидуваме во Охрид. Охрид е дел од нашите приоритети и воопшто туризмот во Македонија е на врвот на нашите приоритети. Оваа Влада доста средства инвестира во туризмот затоа што тоа се средства што се враќаат и од кои на некој начин живеат многу граѓани, нагласи премиерот.
Според него, до крајот на овој месец, во Преспа ќе излезе тендер за градба на патеки на плажите во вкупна должина од 5,2 километри кај Преспанското Езеро. Груевски истакна дека се чека само на вклучувањето на електричната енергија на плажата Сливница за нејзино целосно завршување.Едната локација, појасни тој, е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија. Откако ќе се добијат идејни решенија