Покажавме што е одговорна власт, што е власт која се грижи за народот, која ги исполнува дадените ветувања, која отвора нови работни места, која прави реформи и напредок. Уште еднаш ќе покажеме и што е одговорна, но и силна опозиција, која брзо, со поддршка на народот ќе се врати на власт, и ќе го превземе водството на водење на земјата напред и создавање на подобри услови за живот, рече во своето синоќешно обраќање пред пратениците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.ВМРО-ДПМНЕ беше на власт речиси 11 години. Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија и многу позитивни резултати, за многумина над очекувањата. Македонија немала власт со поголем учинок и напредок од оваа во овој период.
Сепак, во последните неколку години очигледно бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта. И покрај тоа, на последните избори, народот гласајќи ни даде најголема доверба. Но, со понатамошни напори, и покрај јасната победа, и покрај долгогодишниот воспоставен принцип на коалицирање на победник со победник, помеѓу партијата со најголем број освоени гласови во земјата, и партијата со најголем број гласови од албанската заедница во Македонија, со прекршување на овој принцип, кој беше јавно баран токму од оние кои го прекршија, како и со понатамошни чекори спротивни на деловникот, законот и уставот при изборот на претседател на Собранието, и особено спротивни на вољата на мнозинството народ во Македонија, со примена на аргументот на силата и моќта, се издејствува ново мнозинство, а наскоро и нова влада. Непринципиелно, на сила и недемократски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија направија се што е во наша моќ до моментот до кој не беше јасно дека одејќи понатаму Македонија и граѓаните во неа ќе имаат многу поголема штета отколку корист. Личните и партиските интереси, повторно ги ставивме под државните интереси.
Главната причина за оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање на фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа се уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе не обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото мнозинство очигледно се очекува поинаков пристап по ова прашање.
Времето ќе покаже кој бил во право.
Вчера и денес слушнав многу фалења и ветувања за тоа колку ќе и биде поубаво на Македонија со новата власт. Како ќе тргнела економијата, домашните фирми, вработувања, демократијата, судството, владеењето на правото, платите, итн. Од секогаш познат манир на СДСМ бил многу ветувања а мал учинок. И не само што себе се фалат до бескрај, туку и бесрамно го девалвираат целиот наш труд и резултати направени досега, заради кои во 10 изборни циклуси по ред народот даваше најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и истовремено СДСМ трпеше 10 изборни порази по ред, вклучително и на последните избори.
Во овој дводневен вознес и изблик на верување и во сопствените лаги, сакам да ги потсетам СДСМ, што тие ни оставија, а што ние ним им оставаме. Бидејќи времето ќе помине, па ќе се споредиме, а што е најважно, и народот ќе не спореди.
За почеток ќе кажам дека ние во 2006-тата затекнавме едвај еден милион евра на сметката на буџетот и веќе по неколку дена активирани извршни судски решенија таложени долг период во износ од 30 тина милиони евра, така што уште во првата недела се соочивме со наследството наречено блокирана сметка на буџетот. На почетокот на оваа недела буџетот имаше 180 милиони евра, од кои во меѓувреме се исплатија околу 50 милиони евра за субвенции за земјоделците. За разлика од нив ние оставаме полна каса и здрав буџет. И тоа со значително намалени даноци од оние кои што ги наследивме.
Затекнавме закон за ДДВ во кој на 10-тина сектори стапката им беше покачена од 5 на 18 осто ДДВ. Ги намаливме на 5 осто. Во тоа влегуваа ДДВ-то за лекови, ДДВ-то за јавен транспорт, за земјоделски препарати и механизација, за компјутери, за туризам, за масло за јадење, и повеќе други.
Затекнавме високи даноци, и ги намаливме на ниво, што минатата година Македонија беше прогласена за земја со најниски даноци во светот, и воведовме рамен данок од 10 осто. Истовремено, со намалени даноци, намалувајќи ја сивата економија, добивме многу повеќе приходи во буџетот.
Сега, после изборите имаме веќе конкретна најава за 80 осто зголемување на персоналниот данок на доход за оние со повисоки примања. Тоа значи за оние кои имаат високо образование и со својот труд и со својот интелект се избориле за повисока плата, освен ако работодавачот не одлучи да им ја зголеми бруто платата, тие ќе земаат пониска нето плата. Незнам дали беа свесни за ова гласачите на СДСМ кога гласаа, но ќе следува зголемување на персоналниот данок на доход од 10 на 18 осто за оние со поголеми примања, а слични трендови се најавени и кај придонесите, кои ни ги оставија на ниво од 32 осто, а ние ги оставаме на ниво од 26 осто.
Наследивме државен долг околу 39 осто од БДП, сега по сите кризи, по светската економска, европската должничка и македонската политичка криза нивниот на државниот долг е речиси исто, и покрај лажно создадената перцепција дека сме ја презадолжиле земјата, таа сеуште е меѓу најмалку задолжените во Европа.
Затекнавме се на се во земјата 560 илјади граѓани кои беа во работен однос кога влеговме во владата, кои што беа вработени. Денес над 732 илјади граѓани се вработени. Оставаме над 170 илјади повеќе вработени од она што го затекнавме, и тоа токму по прашањето кое по сите анкети и истражување на јавни мислења е најважно за граѓаните на Македонија. Наследивме невработеност од 38 осто, сега е 23 осто.
Наследивме држава во која само највозрасните се сеќаваа како изгледа отворање на нови фабрики. Сите останати беа станати експерти за ситуации на затворање на фабрики и стечаи. Денес отворањето нови фабрики е секојдневие, затворањето вистинска реткост.
Светската банка во 2006-тата Македонија ја рангираше на 94 место во светот според добрата бизнис клима. Денес ја рангира на 10-тото место во светот и 5-то место во Европа.
Немавме ниту еден инвестициски промотор ниту министри кои се грижат за потенцијалните инвеститори. Ги најдовме цел тим луѓе од дијаспората, со богато меѓународно искуство. Денес пред нас е состав на влада каде на нивни места се лица кои нема да се занимаваат со тоа, ниту пак имаат квалификации за истото.
Ако има две работи по кои цел свет ни признаваше и честиташе, тоа беше политиката на ниски даноци и политиката на привлекување инвестиции и отворање на нови работни места. Новата власт најавува промени во тоа и враќање по старо.
Времето ќе покаже кој бил во право.
Сепак, напоменувам дека ние имаме донесено во финиш на преговори и потпишувања договори со голем број странски компании за нивни влез во Македонија, така што очекувам во наредните година-две тие да се реализираат. За нив се е изработено, и освен ако намерно не се избркаат, нив Македонија веќе ги има, а со тоа и многу нови работни места. Покрај ова, многу нови работни места се програмирани за следните три години и во оние компании кои ги донесовме и веќе инвестираа.
Но, заради ограниченоста на времето, за тоа повеќе ќе кажам во друга прилика.
Просечната плата во Македонија во 2006тата беше околу 11.700 денари во 2006-тата.
Денес е околу 22.700 денари. До 2006-та владата на СДСМ одбиваше со закон да определи минимална плата. Едноставно иако синдикатите бараа Владата одбиваше. Ние воведовме, најпрвин околу 8 илјади, а денес е над 10 илјади денари со нагорен тренд програмиран во законот.
Најниските пензии во Македонија пораснаа за повеќе од двојно, поточно за 106 осто, а просечната за околу 80 осто.
Субвенции за земјоделците речиси немаше до 2006-та. Оттогаш па наваму околу 1,1 миљарда евра се исплатени субвенции за субвенции.
Социјалната помош порасна за над 80 осто. Платите во администрацијата пораснаа за 30 осто.
За другите бенефиции кои ги добија земјоделците, пензионерите, примателите на социјална помош итн нема да зборувам заради времето.
Македонија ја наследивме со редици граѓани кои чекаат визи пред сите амбасади од раните утрински часови. Некои од нив ги тераа да играт оро за да докажат дека навистина се играорна група или нешто слично. Денес слободно се патува без визи речиси низ цела Европа, со 40 тина ниско тарифни редовни линии кои во минатото не постоеа.
Наследивме земја која официјално ги немаше исполнето потребните услови за добивање покана за членство во НАТО и ЕУ. Од 2008мата за НАТО, а од 2009тата за ЕУ, пречка беше само името.
Реформи од нас ќе се бараат секогаш. Сега новата влада ,,се сили,, дека ќе ги направела новите реформи препорачани од ЕК. Ние направивме многу реформи и подобрувања во судството, администрацијата, медиумите итн, сите беа уредно прегледани и одобрени, а потоа и пофалени од ЕК. И овие што следуваат ќе бидат такви. И пак по 3, 4 или 5 години ЕК ќе препорача нови кои ќе се спроведуваат. Реформите се континуиран процес, и така треба да биде. Единствено е смешно кога некој кој допрва треба да ги спроведува гледаш дека се однесува како да реформите и светот започнува и ќе заврши со него.
Наследивме земја од СДСМ која беше на дното, на 105-тото место во светот по индексот на корупција. Дојдовме до 62-ро. Па дури неодамна во склоп на надворешната операција ни го влошија тоа.
Ако по утрото денот се познава, ако по начинот на не законски избор на Талат Џафери, по најавените повисоки даноци, по заблудата дека со намалување на радиодифузната такса и некој час повеќе ефтина струја ќе се решат економските проблеми на населението и слични чекори од сличен обем ќе се живее подобро и ќе се донесе ,,живот,, како што вели СДСМ, тогаш, пак ќе кажам, времето ќе покаже, кој е во право.
Се што правевме правевме за сите граѓани, не ги делевме македонците и албанците, турците, власите, србите, бошњаците, ромите и останатите. Тоа што некому му беше потребно да создаде негативна перцепција кај албанците за нас и лажно да не престави како националисти, како некои кои не ги почитуваат албанците или се против нив, е краткорочен успех, затоа што нашите дела, нашето создадено, нашата грижа, проекти, помош и секогаш пружена рака за поддршка ќе останат кога оваа вештачки создадена магла ќе се крене.
Земете го само процентот на правична застапеност на албанците во јавната администрација кој од 10 осто 2006-та се искачи на сегашни 20 осто и ќе стане јасен нашиот однос кон нив.
Да не ги споменувам изградените патишта, водоводи, канализациски мрежи, спортски сали, училишта, болници, факултети, универзитети, донесени фабрики кои отворија нови работни места во Кичево, Тетово, Струга, Скопје, Гостивар итн. Да не ги споменувам земјоделските субвенции, покачените пензии, и десетици и десетици други привилегии и подобности за кои албанците во време на СДСМ можеа само да ги сонуваат, а денес им се придобивка и стекнато право.
Го поздравувам приземјувањето на мандатарот по однос на залетот во вознес за добивање на премиерската функција и тоа што потпиша дека нема да ја подржи тиранската платформа. Честитки за народот кој протестираше против тоа цели 80 дена, со цел да ја зачува унитарноста на државата, честитки и до Претседателот на државата, но и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Никој од нас не се бореше да им ускрати нешто на албанците. Тие ќе добијат унапредување на користење на јазикот, како што добија и во минатото. Но во рамките на меѓународните стандарди, задржување на унитарниот карактер на државата и без загрозување на македонскиот јазик како единствен официјален јазик на целата територија на Македонија, а со тоа и кохезивен фактор на сите етнички заедници во Македонија.
Од утре, СДСМ ја превзема одговорноста за водење на државата.
Однапред знам, дека најмалку во првите 6 месеци, неспособноста ќе ја прикривате со префрлање на вината на нас, ќе се занимавате со нас, ќе ја омаловажувате нашата работа, и тоа ќе се обидете да го преставите како оправдувања на вашите неуспеси, на нереални ветувања и на неспособност. Но, после 26 години демократија, народот е толку свесен и искусен, што тоа нема да ви помине.
ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед. Народот и понатаму ќе може да смета и да се потпре на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, кои ќе останат на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, но и во функција на развојот и напредокот на државата. Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен. Покажавме што е одговорна власт, што е власт која се грижи за народот, која ги исполнува дадените ветувања, која отвора нови работни места, која прави реформи и напредок. Уште еднаш ќе покажеме и што е одговорна, но и силна опозиција, која брзо, со поддршка на народот ќе се врати на власт, и ќе го превземе водството на водење на земјата напред и создавање на подобри услови за живот.ВМРО-ДПМНЕ беше на власт речиси 11 години. Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше мно