Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по најновите податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека историски пад на невработеноста во Република Македонија. Според ДЗС во првото тримесечје од 2017 година стапката на невработеност е 22,9.-Пад на невработеноста во првите три месеци од оваа година на досега најниски 22,9%. Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста. Резултатите се потврдени. Државниот завод за статистика регистрираше досега најниско ниво на невработеност под 23%, поточно 22,9%. За една година (споредено со првото тромесечие од 2016год), имаме пад на невработеноста од 1.6%, или новоотворени над 19 000 работни места. Споредено со периодот 2005, 2006 и сега 2017 имаме пад од над 15%, од 38% на 22.9%, или од 560 000 вработени сега имаме 734 043, или во периодот додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше одговорноста да управува со државата се отворија над 174 000 работни места. Ова значи решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните. Падот на невработеноста се должи на поттикнување и поддршката на домашното стопанство, активните мерки за вработување и силниот фокус на привлекување странски инвестиции кои се акцелератор, поттикнувач и на домашното стопанство кое соработува со овие странски компании. Она што недостасува кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи. На новата влада предоводена од СДС им оставивме ликвиден буџет. Подобро е уште веднаш да се фатат за конкретна работа, пишува Груевски на Фејсбук.
-Пад на невработеноста во првите три месеци од оваа година на досега најниски 22,9%. Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продол