Груевски предупреди на политичката хајка врз ВМРО- ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, уште пред еден месец во интервју за телевизија Алфа, предупреди на политичката хајка која ја врши власта злоупотребувајќи ги институциите. Груевски рече дека над 100 луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се константно следени и прислушкувани, а во УБК за нив е отворено досие, „Македонски екстремизам и тероризам“.„ Ние имаме информација дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, целото раководство, значи не само Извршниот Комитет, значи над 100 луѓе се прислушкувани во последниот период. “ Изјави Груевски во своето интервју за Тв Алфа.
Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ е таргет на прислушкување, Груевски  потврдно одговори.
–  Тоа е организирано и доколку некој сака да докаже дека не е така треба да ни дозволи да се направи вештачење, да има увид, согласно законите на Република Македонија, рече Груевски за Тв Алфа,  дополнувајќи дека во УБК е отворен предмет под името досие македонски екстремизам и тероризам, нешто за што се воделе досиеја во време на комунизмот и подоцна во 90-те години против ВМРО-ДПМНЕ во тој период, како што беа случаите „Темел“, како што беше случајот „Сина  птица“, така и тие се водеа како македонски екстремизам, тероризам, национализам и слично, така и сега против ВМРО-ДПМНЕ, против над 100 луѓе се водат такви истраги, односно следења и прислушкувања  со цел да се урниса ВМРО-ДПМНЕ.
Власта спроведува политичка хајка врз опозицијата,  злоупотребувајќи ги за тоа државните служби и ресурси.  Луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ  се гонете само затоа што  застанале во одбрана на државата и Уставниот поредок, ова се повеќе наликува на одмазда кон сите оние кои не сакаа да ја прифатат Тиранската платформа и се спротиставија на нејзиниото реализирање. Една година подоцна тогашната опозиција, а сега власт ја спроведува платформата од Тирана точка по точка, елеминирајќи ја единствената пречка за нејзина целосна имплементација – ВМРО-ДПМНЕ.
„ Ние имаме информација дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, целото раководство, значи не само Извршниот Комитет, значи над 100 луѓе се при

Пронајдете не на следниве мрежи: