Марионетска влада која има за цел да го промени името на држава. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предупредуваше дека СДСМ има план од кој досега јасни се шест точки за редефинирање на државата.Како што изјави минатата недела Груевски, СДСМ ќе ја занимава и замајува јавноста со се и сешто со цел да ја реализира својата замисла за редефинирање и обезличување на Македонија со најмалку шест точки.
Тоа се: 1.Промена на името на државата при што идентитетот ќе ја следи судбината на името,2.Штетниот договор со Бугарија, 3.Двојазичноста со неуставниот закон за употреба на јазиците, 4.Доселување на мигранти во Македонија, 5.Зголемување на даноците и 6.Редефинирање на бракот преку легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца.
Промената на учебниците по историја, рушење и разместување на споменици, затворање на Музејот на македонската борба за слобода и независност се дел од првата и втората точка со која треба да се сузбие, потисне и заборави се што е поврзано со македонската историја, самосвест и кауза. Сето ова за сметка на некои други држави и нации со кои актуелната власт има постигнато сојуз, тие на нив да им помогнат да бидат власт во Македонија и да прават што сакаат, вклучително и незаконски со сила и поткуп да ги добијат изборите. За возврат на помагателите да им ги испорачаат нивните барања поврзани со македонските национални и државни интереси на кои тие работат повеќе од 100 години, и за кои се паднати небројни животи и многу крв на нашите предци.
Веќе за една недела владата објави зголемување на даноците, или поконкретно акцизата на дизелот и најави скорешно зголемување на персоналниот данок на доход, ДДВ-то и данокот на добивка. Исто така вицепремиерот Бујар Османи објави дека ќе се смени името без референдум на кој би одлучувал народот, бидејќи тие сметаат дека локалните избори биле референдум на кој народот веќе се изјаснил.
Законот за употреба на јазиците се смета за завршена работа, а за мигрантите чекаат кога ќе им јават од надвор, а Заев пак веќе донираше за Здружението на ЛГБТ заедницата во правец на промоција на оваа заедница и отворање на ова прашање во смисла на подготовка на теренот за точка 6- редефинирање на бракот.
За се ова да помине со помалку внимание и последици кај јавноста, СДСМ преку полицијата, СЈО, ЈО и заробеното судство ќе апси, ќе осудува, ќе притвора, ќе брои кој министер колку пати ручал и што, ќе замајува со приказни дека и нивни функционери се под истрага. Ќе се уништуваат човечки судбини на неистомисленици и политички противници, преку заробените медиуми кои се сите под уцена ќе продаваат лажни приказни за нив како за многу чесни, а за ВМРО како за нечесни, па можно е да се очекуваат и апсења.
Ако му е убаво сето ова на народот, тогаш не треба да се нервира и секира.
Како што изјави минатата недела Груевски, СДСМ ќе ја занимава и замајува јавноста со се и сешто со цел да ја реализира својата замисла за редефинир