четврток, 26 ноември 2026
Најново

Груевски: Претстои период на реорганизација и освежување на ВМРО-ДПМНЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ние сме сега партија која што иако победи на изборите, иако ја освои најголемата доверба од граѓаните, 455.000 гласови, иако најголем дел од граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, како сплет на околности создадени пред се однадвор отидовме во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на „Алфа“.-Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месните комитети, Извршниот комитет. Ќе се претсруктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт, рече Груевски.
Груевски повтори дека нема намера да се повлекува од лидерската позиција бидејќи е човек кој е победник на овие избори и човек кој што ја доби довербата од најголем број од граѓаните и превзема одговорност за понатаму.
-Крајот на овој месец истекува и мандатот на ИК, така што некаде во јули ќе има нов Извршен комитет, веројатно тоа ќе биде и добра можност да се промовираат и некои нови личности кои ќе влезат во ИК и кои што со нова енергија ќе помогнат понатаму во зацврстување на ВМРО-ДПМНЕ и забрзување на успехот, а тоа евраќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и предводење на Македонија со уште посилна динамика и посилни реформи напред кон подобар живот, подобар квалитет на живот, повисоки плати и сите стратешки цели кои ги има Македонија, меѓу кои што е Европската Унија, рече Груевски.-Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месни

Поврзани вести