Груевски присуствуваше на свечената академија по повод празникот Свети Сава Оваа година веќе се одбележуваат 9 години од официјалното воспоставување на 27 јануари како празник и неработен ден за српската заедница во Македонија. 9 години во кои заеднички го одбележуваме, 9 години во кои заеднички прославуваме. Тоа е нашата трајна определба, определба за почитување, одбележување и негување на сите идентитетски обележја на заедниците во Република Македонија.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој вечерва присуствуваше на свечената акедемија по повод празникот Свети Сава и упати срдечни честитки по повод празникот.
-Тоа е во кодот на нашиот народ, затоа што во нашата историја, но и во нашата сегашност Македонците добро знаат што значи да бидеш почитуван и респектиран, но исто така знаат и што значи да бидеш омаловажуван и деградиран. Токму затоа сите овие години наназад ние градиме општество базирано на почит и соработка како позитивен пример за тоа како треба со другиот со кој имаш извесни разлики, но и многу сличности. Тука пред се мислам на народите со кои делиме иста историја, ист животен простор, исти маки, цели и предизвици. Единствен оговор на ваквите прилики на Балканот е меѓусебното почитување.
Ваквите празници, според Груевски, се одлична прилика да се истакнат заложбите за заеднички придонес кон исполнување на сите цели кои се од значење за Македонија, македонскиот и српскиот народ.
-Српската заедница во Македонија од секогаш била значаен фактор која активно придонесува во општествениот, економскиот и политичкиот развој на нашата држава. Уверен сум дека таквата позитивна улога и понатаму ќе биде обележје на српската заедница и заеднички ќе продолжиме во сите идни предизвици, а пред се во делот на идните мерки и проекти за обезбедување на економскиот раст на државата, подобрување на стандардот на граѓаните и ртеализација на сите реформи кои значат напредна, модерна и перспективна Република Македонија, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски изрази уверување дека ќе продолжат сите потребни активности кои значат мост на соработка помеѓу Македонија и Србија во делот на културата, економијата, трговијата, глобалните предизвици, меѓународната безбедност и сите останати полиња во кои имаме заеднички интереси.
-На тој пат нашите народи се наша водилка, а ако погледнеме кон таа водилка ќе видиме дека има голема блискост и голема почит. Така нека биде и во иднина, тоа нека биде и порака за идните генерации, порака за заедништво, за почит и за силна меѓусебна соработка.Оваа година веќе се одбележуваат 9 години од официјалното воспоставување на 27 јануари како празник и неработен ден за српската заедница во Македон