Процесот за користење на поливалентните вакцини тече одлично. Досега се искористени над 85 илјади дози кај исто толку дечиња, информира денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Охрид тој посочи дека родителите се задоволни од користењето на поливалентните вакцини бидејќи овозможуваат бројни бенефити кај децата.
– Задоволството е големо кај родителите кои ги носат своите дечиња на вакви вакцини. Наместо пет или шест пати се оди еднаш, се избегнуваат пет до шест боцкања, што е мала траума за децата. Се избегнуваат несакани реакции при примање вакцина, бидејќи има само еднаш аплицирање. Има и други предности затоа што се работи за инекции со поквалитетна супстанца и повисок процент на чистина. Искористувањето е одлично и тоа ќе продолжи и во наредните години, бидејќи тоа беше наше ветување пред граѓаните, граѓаните тоа го бараа и ние тоа го реализиравме, изјави Груевски.
За набавка на петтовалентни и шестовалентни вакцини инвестирани се околу 2,8 милиони евра или 170 милиони денари.Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Охрид тој посочи дека родителите се задоволни од користењето на поливалентните вакцини бидејќи ово