Профитот на домашните компании од услугите што им ги нудат на странските инвеститори што имаат свои капацитети во слободните економски зони досега изнесува 46 милиони евра, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Според Груевски, има се повеќе нарачки од странските за домашните компании и се прават напори за што повеќе контакти меѓу нив и поголема соработка.
– Само странските компании што се во Технолошко индустриските развојни зони не сметајќи ги оние кои се надвор од овие зони купуваат од домашните компании услуги во вредност од 46 милиони евра. Тоа пред седум осум години го немаше, бидејќи овие компании тогаш не постоеја. Значи дека 46 милиони евра на нашите домашни компании им доаѓаат од компаниите кои се изградени во ТИРЗ и тој тренд расте и се подобрува. Се повеќе имаме нарачки од овие компании и правиме посебни напори да им направиме меѓусебни контакти, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Аеродром.
Како што ќе расте бројот на компаниите кои се во ТИРЗ зоните, наведува Груевски, така ќе растат и нивните нарачки од домашните компании.
– Многу од нашите домашни компании се адаптираат на нив, во смисла набавуваат опрема со која што може да произведат разни делови коишто им се потребни на овие компании и тоа е добра вест. Очекувам овој тренд да продолжи и во иднина, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Според Груевски, има се повеќе нарачки од странските за домашните компании и се прават напори за што повеќе контакти меѓу нив и поголема сора