Растот на економијата од 3,7 отсто што го прогнозира светска бакна за Македонија за годинава е одлична вест и резултат на мерките што досега ги преземала Владата кои даваат отпор за да не бидат преголеми последиците од политичката криза што ја предизвикува опозицијата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, при посетата на Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“.Тоа што го слушнавме од Светска банка е одлична вест, рече тој, додавајќи дека раст на економијата од 3,7 отсто е нешто што е подобро од очекувања, имајќи ја предвид политичката криза во земјата.
Смета дека е факт оти политичката криза има одредено негативно влијание врз економијата, меѓутоа, како што рече, факт е дека економијата и економските мерки што биле преземени од Владата и кои се уште се преземаат даваат отпор односно го ограничуваат ова негативно влијание, да не биде преголемо да не дојде до драстичен пад на економијата. Тоа, рече, не е лесна задача, потребни се многу чекори, голема енергија, голема посветеност за да се успее да се минимизира ефектот на политичката криза врз економијата.
– Со оглед на таа политичка криза можам да кажам дека остварувањето на оваа прогноза ќе биде одлична работа за земјата, која практично и најверојатно ќе биде најдобра или една од најдобрите во регионот. Ќе бидам задоволен и среќен доколку годинава се заврши со раст од 3,7 проценти, имајќи предвид дека нашите политички опоненти прават се што можат тоа да го спречат. Имаме политички опоненти кои наместо со нас да се натпреваруваат со идеи, со дела, или или со решенија за проблемите, тие се натпреваруваат со тоа што ќе не закочат, ќе предизвикаат кризи, за да се намали економскиот раст во земјата, да се стопираат одредени реформи, некои закони ако може што подоцна да се изгласаат во Парламентот, истакна Груевски.
Потенцира дека против себе имаат, како што рече, крајно деструктивен политички противник којшто граѓаните добро го чувствуваат во изминатите година и пол и кој се обидува да ја влече земјата надолу, наместо со своите идеи што ќе ги промовираат да влечат нанапред.
– Ние секогаш сме отворени кога тие даваат добри идеи да ги прифатиме иако се нивни и да ги промовираме и да ги спроведеме, со што земјата би одела напред. Но, тоа е нашата судбина, таков политички опонент да имаме и во една таква деструктивна атмосфера во една атмосфера на политичка криза, кога и бизнисот донекаде прави чекори на воздржување одлична вест е прогнозата на Светската банка за раст од 3,7 отсто и за следната година веќе 4 проценти што покажува еден нагорен тек, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Светска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто.Тоа што го слушнавме од Светска банка е одлична вест, рече тој, додавајќи дека раст на економијата од 3,7 отсто е нешто што е подобро од очекувања,