При вчерашното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски промовираше нов проект, земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците. Примерите од повеќе земји-членки на Европската унија, покажуваат за тоа како се организирани советодавните служби за земјделците во Европа.–Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот. Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.
Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.
-Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.
Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.
Како се организирани советодавните служби во Европа?
Примерите од повеќе земји-членки на Европската унија, покажуваат за тоа како се организирани советодавните служби за земјоделците во Европа. На пример во Литванија, постојат повеќе основни насоки во која се развива и се спроведуваат услугите за земјоделство. Земјоделците добиваат технолошки услуги, совети за зктивности за планирање во кои спаѓат ѓубрење, планови за заштита на растенијата, примероци на почва, баланс на нутриенти.
Советодавните служби на земјодецлите исто така даваат оцена на фарма, природни ѓубрива, пестициди, чување на ѓубрива, благосостојба на животните и друго, потоа услуги за дизајн, дизајн на објекти за чување на природно (арско) ѓубриво, документација за конструкција, еколошки дозволи, Економски услуги, бизнис планови за агро-еколошки инвестиции и имплементација и надзор на спроведување на проекти.
Во Велика Британија достапни се три главни видови на услуги за земјоделските стопанства. Советодавни услуги за усогласување со законските барања за реализација на земјоделски проекти (барања од аспект на градба, еколошки и други видови на дозволи и сл.), преку организирање на тематски работилници. Потоа постојат советодвни услуги за доброволно воведување на мерки и практики преку кои се намалуваат негативните ефекти врз животната средина од активностите на земјоделското стопанство. Советите се однесуваат на користење на земјиштето, според видот на почва, управување со ѓубривата, средствата за прихрана и заштита на растенијата, како и планирање и воведување на инфраструктура на земјоделското стопанство, што ќе ја подобри еколошката ефикасност и ќе придонесе кон заштеда на енергија.
Земјоделците во Велика Британија добиваат и советување за расположливите средства и програми за финансирање на земјоделските активности, што се во насока на поекономично и побезедно управување на земјдоелското стопанство, од аспек на заштеда на ресурси и одговорен однос кон животната средина.
Содржина на услугите на советодавните служби во земјоделството во Австријасе однесуваат на развој на компанија и управување со бизнисот, намалување на трошоците на земјоделското стопанство, квалитет на храна и хранливост, обновливи енергии, маркетинг, органско земјоделство, растително производство и сточарство, правни, даночни и други законски обврски на земјоделците, како и информации и совети за субвенции.
Кои се условите за советник во земјите во ЕУ?
Постојат низа услови за земјоделски советник во земјите на ЕУ. На пример воУнгарија, советникот треба да има магистратура или високо образование во делот на земјоделство, ветеринарство, три години практично искуство и некомерцијален интерес
Советодавните компании во Данска овозможуваат услуги за стандарди кои се однесуваат на екологија, здравје на луѓето, животни и растенија, добри земјоделски и еколошки услови на земјоделското стопанство. Тие располагаат со административни и технички капацитети и опрема, искусни се во делот на советување и имаат професионлано осигурување или слично покритие на одговорност
Ваков земјоделски советник во оваа земја може да стане дипломиран земјоделски инженер, инженер за животна средина или слично. Истиот треба да има двегодишно работно искуство како советник, како и дополнително образование за советување за меѓусекторска усогласеност во делот на еколошки услови.–Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земј