Освен болницата во Струмица каде се одвиваат градени зафати и која заедно со инвестициите во опрема ќе се инвестираат над 7 милиони евра се продолжува и со инвестиции во здравствените капацитети во Штип, Прилеп, Куманово, Скопје, Лабуништа и Охрид.При вчерашната посета на струмичката болница, Груевски и министерот Тодоров се осврнаа и на останатите проекти.
За највеќе за 30 до 40 дена новата амбуланта, заедно со нова служба на брзата помош ќе им биде достапна на граѓаните на Лабуништа а со тоа ќе се покријат и потребите на жителите на Боровец, Октиси, Подгорец.
Се работи и на новата болница во Штип која ќе претставува регионален клинички центар и која треба да биде готова за 24 месеци.
Освен реновирањето и опремувањето на Охридската болница во моментот се работи на реконструкција и изградба на болницата за белодробни заболувања СВ Еразмо во Охрид каде се инвестираат некаде околу 200 милиони денари.
Се врши комплетна реконструкција и на општата болница во Битола при што се инвестираат 107 милиони денари за изградба на енергетска фасада и замена на старите со нови прозори кои што треба да обезбедат заштеда на енергија и треба да се заврши до крајот на годината.
Продолжуваат градежните работи и во Прилепската болница. И таму се одвива комплетна внатрешна реконструкција вредна 70 м денари, која треба да биде готова кон крајот на август.
Во тек се градежни активности и на велешката болница во вредност од 17 милиони денари, при што Тодоров најави и санација на инфективното одделение. А набрзо ќе се почне и со градежни активности и нов ургентен центар во Куманово.
Во меѓувреме се изгради болницата за детски болести Козле, се реконструираше тетовската болница, а многу брзо, по надминување на проблемите со проектот се планира и почеток на реконструкција на старата градска болница во Скопје СВ Наум Охридски, како и реконструкција на фасадата на болницата 8 септември, која во програмата е предвидена во 2018та година.При вчерашната посета на струмичката болница, Груевски и министерот Тодоров се осврнаа и на останатите проекти.
За највеќе за 30 до 40 дена