Растот на индустриското производство и намалувањето на невработеноста што вчера ги регистрира Државниот завод за статистика се уште една потврда за исправни владини политики кои даваат резултати, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Аеродром, Груевски нагласи дека ваквите политики ќе продолжат, но ќе продолжат и напорите за дополнително подобрување на бизнис климата за уште поголемо намалување на невработеноста и зголемување на индустриското производство.
– Растот на индустриското производство во јануари во однос на истиот месец минатата година за осум отсто е сериозен раст, бидејќи ако минатата година заврши со речиси пет проценти раст, веќе во јануари имаме осум проценти. Заедно со веста што вчера ја објави Државниот завод за статистика дека имаме ново рекордно намалување на невработеноста од 24,6 што е историско најниско ниво, тоа се две економски вести и имаат одредена вредност зашто се во еден период во кој поминуваме низ политичка криза, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, јануарскиот раст на индустриското производство покажува дека годинава има шанси индустриското производство да биде посилно од минатата година иако се работи само за еден месец. Тоа е охрабрувачки кога годината се почнува со осум отсто особено што лани беше околу пет проценти растот на индустриското производство.
– Кога станува збор за невработеноста, ќе потсетам дека во последните години имаме над 13 процентни поени намалување на невработеноста и тоа во услови на две светски економски кризи и најсилната домашна политичка криза која што скоро една година се одвива во Република Македонија. Во такви услови, имајќи ги предвид сите елементи на овие кризи и сите нивни притисоци врз економијата, успеавме за 13 процентни поени да ја намалиме невработеноста, која што, како што кажав, се уште е висока, но има силен пад, што охрабрува и укажува дека политиките кои беа преземени во минатиот период се исправни и даваат резултати и треба да продолжат, рече Груевски.
Само минатата година, посочи, се отворени околу 20.000 нови работни места во Македонија. – Тој тренд продолжува, бидејќи продолжуваат да доаѓаат крупни компании во Македонија со кои веќе подолг период имаме разговори, а ќе продолжи и намалувањето на невработеноста, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Аеродром, Груевски нагласи дека ваквите политики ќе продолжат, но ќе продолжат и напо