Кога ВМРО-ДПМНЕ дава ветување, тоа не останува на празни зборови. Неодамна, излеговме со 40 проекти за младите. Иако, сите тие ги ветувавме за после изборите, дел од нив веќе се применуваат, или масовно се користат, почнуваат со градба, или се во градба, или се проектираат, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор, на 25-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Не ветуваме напразно: 40 проекти за младите, ветено, реализирано и продолжува
-За секој еден невработен млад човек во Македонија до 35 години, за секој еден, и за оние од ВМРО, и за оние од СДСМ, и за оние од ДУИ или ДПА, и за оние кои се во други или во ниту една партија, и за Македонците, и за Албанците, и за Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати во Република Макдонија. Ние даваме шанса за секого. И тие кои не подржуваат, и оние кои не не подржуваат.Ние сакаме и ним да им помогнеме, порача Груевски.Додаде дека покрај ова, проектот предвидува специјални поволности и за повозрасните. – Овој проект се грижи и за родителите на младите. За оние на возраст од 35 до 50 години кои во тој период не работеле подолго од 5 години и кои се без работа, а кои со овој проект на работодавачите им се дава поволност ако ги вработат, цели 5 години да не плаќаат придонеси за пензиско, здравствено и придонес за вработување, со барање да ги задржат уште најмалку 1 година на работа, рече Груевски и додаде дека уште подобри услови предвидени се и за оние над 50 години, и над 58 години кои најтешко доаѓаат до вработување, а не се заборавени и најранливите, самохраните родители, еднородителски семејства, лица со инвалидитет, родители кои имаат деца со пречки во развојот, деца од дом без родители, професионални војници по нивната 45 година и неколку други.Тој додде дека со овој проект, во неговата прва фаза за една година се отворија 19 илјади нови работни места и оти ова е нова шанса, нова можност, и за младите, и за невработените и за компаниите во Макеоднија. – Затоа ВМРО е тоа што е, народна партија и партија која дава силна поткрепа на бизнисот истовремено, рече Груевски.
Кога ВМРО-ДПМНЕ дава ветување, тоа не останува на празни зборови. Неодамна, излеговме со 40 проекти за младите. Иако, сите тие ги ветувавме за после изборите, дел од нив веќе се применуваат, или масовно се користат, почнуваат со градба, или се во градба, или се проектираат, подвлече Груевски.
Па така, преку мерката бесплатен железнички викенд за млади до 27 години, која беше проширена со уште еден слободен викенд, поточно секој прв и трет викенд во месецот, од почетокот на воведувањето до месец мај веќе ја искористиле 67 900 млади луѓе, при што заштедиле 383 илјади евра, пари кои останале во џебот на младите луѓе.
Покрај оваа мерка претходно беше обезбедена и мерката бесплатен, односно слободен четврток за студенти со којшто се обезбеди бесплатен железнички сообраќај, бесплатна посета на култури државни установи и користење на жичарницата на Водно, при што ваквата можност ја искористиле 69 илјади студенти, и заштедиле дополнителни над 270 илјади евра. Иста ваква мерка обезбедивме и за средношколците, и се нарекува средношколска среда, а досега почнувајќи од први јануари овој проект го искористиле над 8 илјади средношколци со што заштедиле над 32 илјади евра. Ветено за младите – реализирано, и продолжува, вели Груевски.
Апсолутно успешна е и мерката бесплатен јавен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети. Од јануари па се до оваа недела мерката ја искористиле над 21 илјада студенти, при што месечно овие луѓе заштедуваат над 21 милион денари односно 342 илјади евра. За ова, морам да напоменам, покрај владата, голема заслуга има и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во советот на град Скопје.
Покрај Купи куќа, купи стан“ се обезбеди и проектот „Купи куќа за млади“ при што преку овие два проекти обезбедија кров над глава над 900 семејства кои претходно немаа свој дом.
Досега се одобрени субвенции во износ од скоро 6 милиони евра за двата проекти, од кои за „Купи куќа за млади“ кој стартуваше неодамна и со кој за млади луѓе до 35 години се овозможува до две третини покривање на трошоците за градба или купување на куќа, досега се одобрени 261.000 евра – проект кој започна оваа година и досега 13 семејства го остварија својот сон, со огромна, неповторлива помош од владата предводена од ВМРО да дојдат до своја куќа.
Интересот за двата проекта е голем, а особено интерес има кај младите луѓе за „Купи куќа за млади“ и очекуваме до крајот на годината износот на доделени субвенции значително да се зголеми. И едниот и другиот проект се голема поддршка за граѓаните, а пред се младите кои немаат сопствен дом да решат едно големо животно прашање, а дополнително се работи со општините чии градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ кои се ангажирани за изработка на типски населби односно понуда на локации за изградба на куќи за овој проект.
Конкурсот за проектот бесплатно патување за најдобрите студенти за академската 2015/2016 година како што ветивме беше објавен во текот на месец март и по направената селекција, согласно наведените критериуми, 25 студенти по сопствен избор одлучија да патуваат во Барселона. Патувањето е реализирано во текот на мај со што остваривме уште едно наше ветување. Проектот продолжува ќе се спроведува и наредната година.
И останатите проекти од 40 те се придвижени и се подготвуваат. И оние 5 проекти кои ги ветивме за земјоделците се подготвуваат, каде државата ќе од следната година ќе помага со 80 осто од трошоците за системи капка по капка, и за набавка на високо расен добиток, и останатите земјоделски проекти како оној со земјоделски советници, централна земјоделска берза и проектот од град во село за нов почеток.
Тоа е една од големите разлики меѓу ВМРО и СДСМ. Не ветуваме напразно. И така и ќе продолжиме.
Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори
Надминување на ситуацијата и излегување на предвремени избори, е втора цел, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор, на 25-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Избори преку кои народот ќе си каже кому му верува и која политичка гарнитура со која политичка платформа и програма, како и начин на работа и функционирање, сака понатаму да ја води државата во наредните 4 години.
-Судејќи по реакцијата на мнозинството граѓани, оценета по објективни современи методи на мерење на јавното мислење, таа стратегија година и пол по почеток на кризата, резултира со следната состојба кај мнозинството од народот ВМРО-ДПМНЕ има висока поддршка од мнозинството граѓани, онаква каква што имаше пред да започне оваа операција насочена кон нас. Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори. Народот е свесен во што СДСМ ја втурна Македонија, и дека неговата цел не е никаква слобода или демократија, туку на валкан и измамнички начин преземање на власта. Народот е потполно свесен и за целите на нивните подржувачи, и има силен отпор кон тие цели, одлучен е да не дозволи нивна реализација. Мнозинството граѓани се свесни дека приказните на СДСМ со фантомски гласачи, и немање слобода на медиумите се само изговор за да се одложат изборите, бидејќи знаат дека ќе ги загубат силно. Всушност како да им веруваат дека нема слобода на медиумите, кога опозицијата е толку често во медиумите, што мислиш ќе почнат да ти излегуваат од фрижидер кога ќе го отвориш. Згора на тоа, толку имаат слобода да говорат и прават што сакаат, што многу често на луѓето им се згрозува од тој нивни начин на разбирање на слободата, рече Груевски.
Мнозинството граѓани продолжи Груевски, сфаќаат дека СДСМ нема извлечено никаква поука од претходните изборни порази и не само што не е подобрена, туку го има допрено своето дно. Бесчуствително го тероризира народот и државата, за сосила да издејствува доверба и сосила да ја намали довербата во нас. Програма и проекти, ниту досега видоа, ниту ќе видат, а и ако пријателите им напишат и дадат, никој не верува дека 3 осто од тоа ќе се исполни,со овој деструктивен и изгубен раководен тим на СДСМ.
-Мнозинството граѓани имаат проценето, дека освен што е безидејно и деструктивно водството на СДСМ на чело со нивниот претседател е со криминални навики и криминален начин на функционирање и резонирање. Исто така мнозинството граѓани се свесни дека ВМРО далеку подобро би ја водело земјата и во однос на економијата, и во однос на безбедноста, и во однос на реформите и во однос на националните интереси, рече Груевски.
Прочитана е и стратегијата со луѓето во СЈО, нивните цели и намери, нивното не само непрофесионално делување, туку и активно партиско функционирање во правец на поддршка на СДСМ, и оцрнување и загрозување на ВМРО, рече тој.
-За жал многумина однадвор, без да направат длабинска анализа потпаѓаат под приказната дека ова што го велам е неточно или е некоја кампања против СЈО. Многумина од нив, немајќи време за длабинска анализа, презимаат ставови еден од друг, верувајќи дека се точни. Раководството на СДСМ повторно се фокусирани како да направат некоја нечесна игра во правец на изборите. Пак коваат план да ни направат некоја нова пакост, штета, интрига, подметнување, лажирање, насилие, закочување, оцрнување, клеветење, некаков хаос. Не можат да излезат од таа матрица, подвлече Груевски.
Сега клучно е како да се отиде на избори а СДСМ да не направи преку тие избори нова штета на државата, истакна тој.
-СДСМ покажаа дека се спремни на се. Од нас, а не од нив, се очекува да внимаваме на тоа и да ги зачуваме државните интереси. И ќе ги зачуваме, рече Груевски.
Проектите за младите и нивната иднина остануваат во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ
Проектите за младите продолжуваат, со посебен акцент на студентите и средношколците. Реализацијата на ветените проекти, како што истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е една од големите разлики меѓу ВМРО и СДСМ. Не ветуваме напразно. И така и ќе продолжиме, рече Груевски.
Тој посочи дека се работи на проект на промена на студентскиот статус и оти до крајот на овој месец МОН ќе достави измени на Законот за високо образование до Владата.
-Со измените секој студент запишан на некој од државните универзитети во квотата со кофинансирање, врз основа на што плаќал надомест од 400 евра на годишно ниво, доколку по завршена втора студиска година на прв циклус студии, практично по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, по автоматизам ќе биде префрлен во државна квота и ќе плаќа за 50 отсто понизок надомест во преостанатиот период на студирање, односно 200 евра на годишно ниво, потенцира Груевски.
Се очекува измените да бидат усвоени од страна на Собранието најдоцна до август 2016 година, додека реализацијата на проектот ќе започне во септември 2017 година како и што беше најавено.
Петнаесет понуди се пристигнати на огласот објавен од страна на Владата за изградба на двата студентски домови во земјава, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
– Би го спомнал и најважното – одлуката која Владата ја донесе за изградба на три целосно нови студентски домови во земјата, од кои за два, во вредност од 5 милиони евра – еден во Скопје на местото на Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет, се објави тендер за градба и веќе се пристигнати 15тина понуди и во тек е нивна евалуација, по што ќе се направи избор на најповолните понудувачи, односно идни изведувачи на градежните работи, по што по завршување на летото, ќе започне нивната градба, рече Груевски
Тој додаде дека за третиот студентски дом, оној кај СЦ Борис Трајковски, следниот месец општината Карпош треба да го усвои дупот, по што ќе почне фазата на проектирање.
Информира дека во следните неколку денови ќе биде објавен тендер за избор на фирма за набавка на перални и сушални во сите државни студентски домови, со која ќе биде склучен договор најдоцна во септември 2016 година. Државните студентски домови најдоцна до декември 2016 ќе извршат адаптација на простор за инсталирање на пералните и сушалните.
Посочи дека во тек е реализација на втората фаза од целосната реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев, која треба да заврши во 2017 година. – Минатата година беше реализирана првата фаза – реконструкција на блок Б за што се инвестираа 90 милиони денари за замена на вратите, прозорците, подовите, електричната и водоводната инсталација, системот за парно греење, и комплетно нова опрема во сите соби. Сега во тек е реконструкцијата на блок А. И во оваа фаза, која е 50 отсто реализирана, ќе се инвестираат 90 милиони денари. Потоа следни за реконструкција ќе бидат блоковите В и Г, како и партерот и мензата, истакна Груевски и додаде дека е спроведена и постапка за набавка на нови лифтови во сите студентски домови и оти избраната компанија веќе започна со достава и монтажа.
Потсети дека се превземаат активности за реализација на проектот за вработување на најдобрите сто студенти од државните универзитети, дека во завршна фаза е изготвувањето на проектната програма за возобновување на објектот на поранешната учителската школа во Скопје, каде ќе се сместат образовни институции. Проектната програма МОН во следните денови ќе ја достави до Службата за заедничкии општи работи која, потоа ќе објави тендер за изработка на проект и ќе треба да избере фирма изведувач, и да почне да се гради наредната година.
-Конкурсот за проектот бесплатно патување за најдобрите студенти за академската 2015/2016 година како што ветивме беше објавен во текот на месец март и по направената селекција, согласно наведените критериуми, 25 студенти по сопствен избор одлучија да патуваат во Барселона. Патувањето е реализирано во текот на месец мај со што остваривме уште едно наше ветување. Проектот продолжува да се спроведува и наредната година, рече Груевски.
Во завршна фаза е изготвувањето на проектната програма за возобновување на објектот на поранешната учителската школа во Скопје, каде ќе се сместат образовни институции.
-Во однос на стипендиите за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори измената на Законот за средното образование ќе биде доставена до Владата на Република Македонија нареднава недела. Се превземаат активности и за проектот за возобновување на отворениот и уникатен амфитеатар со 9000 седишта во Скупи, рече груевски.
Во делот на спортот, три и пол месеци пред време се почна со реализација на изградба на 20 фитнес зони кои се практично теретани на отворено.
-Оваа недела веќе се започна со оградување на локациите по што почнува градбата во општините Кочани, Велес и Штип, а наредни се Ресен и Гевгелија . Вредноста на целиот проект е 40 милиони денари.Што се однесува до изградба на 150 игралишта за баскет низ целата држава и изградба на скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово, и Куманово, рече Груевски.
Се превземаат активности и за изградба на отворен пливачки базен во Шуто Оризари- во моментов се изработува проектот, а исто така како што рече се работи и на подготвителни активности за затворена високопрофесионална со сите стандарди гимнастичка сала и затворена тениска арена со три тениски терени во Спортскиот центар Борис Трајковски, рече Груевски.Не ветуваме напразно: 40 проекти за младите, ветено, реализирано и продолжува
-За секој еден невработен м