Како што поминуваат деновите на кампањата сите работи стануваат се појасни. Ако порано на некој не му беше јасно што се случува во овие 2,5 години сега работите стануваат јасни. Народот веќе разбира кои биле мотивите и намерите и што некој сакал да постигне во Р. Македонија преку Заев, истакна вечерва во Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во И.Е-И колку повеќе на народот му е јасно, СДСМ е во паника. Се сеќавате на приказната за фантомски гласачи, ја започнаа во 2014 и тоа беше поводот да ја започнат политичката криза. Две ипол години го малтретираа народот дека има 500.000 фантомски гласачи, за сега да излезе ДИК која што е со нивна доминација и да каже дека нема фантомски гласачи туку дека има 5.000 гласачи повеќе. Го лажеа народот и сега сакаат истиот тој народ да гласа за нив, рече Груевски.
Истакна дека за овие две ипол години додека траеше политичката криза СДСМ избркале многу инвеститори и го забавија економскиот развој на државата .
-Па сега во паника си го тешат членство, дека ќе изгубеле на изборите ама не многу туку за 2-3 пратеника, па потоа ќе влезеле во широка коалиција. Ќе изгубат со голема разлика па после ќе им биде срам да бараат широка коалиција. Правењето широка коалиција значи продолжување на кризата исто како и продолжувањето на работата на СЈО, рече Груесвки.
Според него постои сигурна опција за излез од политичката криза, а тоа е излегување масовно на избори и масовна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.
-Со тоа истовремено ќе се испрати порака и до Заев и до сите негови сценаристи со кои што се надева дека ќе го направат премиер. Исто како кога му пишувал на Мендух Тачи дека некој од горе ќе го направи премиер. Абе само народот може да те направи само премиер, не некој друг, рече Груевски.-И колку повеќе на народот му е јасно, СДСМ е во паника. Се сеќавате на приказната за фантомски гласачи, ја започнаа во 2014 и тоа беше поводот да