СДСМ не сака решение во МТВ кое што е независно или непристрасно, туку сакаат партиско решение, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во изјава за медиумите.Тие ја предложија Санта Агирова, поранешен шев на кабинет на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на СДСМ, како и потпретседател на СДСМ во годините наназад, додаде тој. А според информациите и член на „шарена револуција“ со што има прилично изразено политичко мислење и став и со тоа се покажа дека практично целта на СДСМ не е да има некоја непристрасна, личност која навистина ќе биде неутрална и нема да припаѓа на едната или на другата страна туку едноставно сака партиско решение.
За да не им даваме можност повторно да избегнуваат избори и тоа да им биде причината да ги одложат или избегнат ние им го прифаќаме тоа решение и сега им го соопштивме тоа. Втора работ а е поврзана со прашање кое што го отворија и е поврзано со методологијата која е очигледно втората точка на која сакаат да ги одолговлекуваат работите ние им го потфативме и тоа. Каква сакаат таква ќе ја прифатиме, а кажаа што сакаат и тоа им го прифаќаме. Така што елиминираме уште една можност за да ги одолговлекуваат изборите. Третата работа е поврзана со петтиот член на ад хок телото кое согласно претходниот договор треба да биде лице од албанска националност и тука нашата позиција е дека оставаме албанските партии и СДСМ тие да постигнат согласност, како ќе се договорат, тоа лице ние ќе го прифатиме. И сакаме да не им помогнеме во било каква нивна намера да најдат алиби или изговор за одлагање на изборите на 11 декември, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Тие ја предложија Санта Агирова, поранешен шев на кабинет на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на СДСМ, како и потпретседател