СДСМ е казнуван од народот девет пати по ред. И не се менува. Напротив, уште толку заглибува во деструктивност, и напор со зла мисла, со лоши дела, со лаги, со деструкција и со сила да дојде на власт. Затоа, и со сета поддршка која ја има, откако што Заев се фали по смс до Мендух Тачи, „нивните“ како што вели тој, „пријатели од надвор“, со сиот тој ветер во грб, огромни истурени пари на платеници, и деструктивци, мнозинството од народот исто како и младите во УМС, знаат да направат разлика. Ете тоа е денес Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната 25 Конференција на Унијата на млади сили.Тој додаде дека не е основната разлика како што некои ја гледаат меѓу патриоти и предавници.
-Основната разлика меѓу ВМРО и СДСМ е работници и неработници. И за разликата да биде уште поголема, неработниците, ако по нешто се фатат за работа, е како да го срушат и уништат, срботеното, создаденото, изграденото, реформираното од оние кои работат. И кога народот гледа дека максимално работиш, и даваш се од себе за доброто на сите, тој е подготвен и да ти прости некои грешки, бидејки знае дека кој многу работи, тој и греши. И кога народот гледа дека не само што не работиш, туку сакаш и да го срушиш она што друг го сработил, колку и да имал некои симпатии кон тебе, неможе да ти верува, не може да се потпре на тебе, не може да не те казни на изборите, посочи Груевски.
УМС е еден од главните стожери на партијата со кого се носат победите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Поминаа 25 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 25 години, полни со успеси, со победи и со напредок. Дваесет и пет години во кои веќе одамна УМС стана еден од основните столбови на најголемата, најмоќната и најподдржаната партија од граѓаните на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ. Денес кога УМС има над 55 илјади членови, а ВМРО-ДПМНЕ има над 170 илјади членови, денес не говориме за некоја млада организација, секција, група или нешто помало, зборуваме за добро организирана, силно мотивирана, многубројна, единствена, цврста, силна, нескршлива и победничка УМС, која од 2005та на 9 изборни циклуси по ред е еден од главните стожери на партија и со кого се носат победите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна Груевски.
-УМС не е само бројка, УМС не е само надеж, УМС не е само иднина или минато, УМС е сегашност, УМС е огромен кадровски потенцијал, УМС е таленти, УМС е машина која работи без прекин, УМС е колектив, но и индивидуалци, индивидуалци кои иако млади преземале одговорност, кои денес се министри во Владата, заменици министри, пратеници, директори на државни претпријатија, агенции, раководители на подрачни единици, сектори, одделенија, во различни државни институции…УМС е членови на ИК на партијата, УМС е членови на партиските комисии и тела,членови на ОК и МК, УМС се илјадници млади луѓе кои доаѓаат подготвени да помогнат не само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на Макеоднија, -и помагаат! Многу од нив работат и се борат рамо до рамо заедно со сениорите Македонија да се придвижи напред, да се решат што повеќе проблеми на народот, да се исполни што повеќе од ветеното, да се оправда довербата, да се надминат проекциите, посочи Груевски.Тој додаде дека не е основната разлика како што некои ја гледаат меѓу патриоти и предавници.
-Основната разлика меѓу ВМРО и СДСМ е работниц