ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите обврски од договорите, а СДСМ само сака да ги одложи изборите, потенцира премиерот Никола Груевски.-Откако започна кризата која што СДСМ ја предизвика оваа година со помош на креирани материјали, како што кажа Заев, добиени од странски разузнавачки служби, решавањето на кризата одеше преку меѓусебни разговори кои беа со поддршка и олеснување од меѓународната заедница. Договорот што беше постигнат во Скопје во јуни и во јули, предвидуваше поголем број на обврски на двете страни. Поголем дел на нашата страна, помал на страната на СДСМ. Ние нашите обврски ги исполнивме. Можеби некаде имаше недела-две задоцнување, но главно ги исполнивме. Тие задоцнувања не беа заради наша вина, туку заради обидите на СДСМ да се одолговлекува работата за да се одложат изборите, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
СДСМ, рече премиерот, имаше една важна и клучна обврска, а ниту таа не ја исполнува. Тоа е да ги предаде материјалите на СЈО.
-Очигледно е дека Заев сака да ја одбегне оваа обврска, очигледно е дека сака да направи ситуација во која ќе се одложат изборите. Сакаат да прават разни обиди за одлагање на изборите. Ако не можат на еден начин- на друг, ако не може на друг- на трет, од секоја страна, од секој можен агол се обидуваат да најдат начин како да предизвикаат кавга, како да предизвикаат растурање на договорот, како на некој начин, финалната цел е да се одложат изборите. Тие се свесни дека ќе ги загубат бидејќи го чувствуваат пулсот на јавното мислење кое не подлегна на манипулациите кои во текот на оваа година СДСМ ги правеше со обидот да ја дестабилизира државата ставајќи ја во голем ризик, ставајќи ги сите граѓани како заложници, додаде премиерот.
За Груевски е несфатливо тоа што го говори Заев дека материјалите кај него биле побезбедни отколку кај специјалниот јавен обвинител.
-Македонската полиција веќе го чува објектот каде што тој делегираше министер за внатрешни работи. Таму се обезбедени и други работи од типот на обезбедување, сеф и слично. Јасно е дека СДСМ е во една паника од губење на изборите. Годината ја завршува со еден голем страв и паника дека им претстои тежок пораз на следните избори, рече Груевски.-Откако започна кризата која што СДСМ ја предизвика оваа година со помош на креирани материјали, како што кажа Заев, добиени од странски разузнавач