Денеска на средба со граѓаните во општина Гази Баба, во населбата Хиподром беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а во негова придружба беше и кандидатот за градоначалник на општината, Тони Трајковси. Груевски напомена дека таму е дојден во очи на празникот 23 октомври, денот на Македонската борба, денот на ВМРО, денот на формирање на МРО, а како што кажа Груевски тие се срамат и се плашат да го слават овој празник.
-Решиле оваа година да не ја доделуваат наградата „23 Октомври“. Зошто? Од што се плашат? Од што се срамат? Од што се кријат? Од луѓето кои што се бореа и ги дадоа животите за слободата на оваа земја, па уште и ќе го укинувале празникот. ВМРО секогаш била и ќе биде заштитник на интересите на Македонија, заштитник на интересите на Македонците, заштитник на интересите на граѓаните на оваа држава. Ние нема ниту да се срамиме, ниту да се плашиме, напротив гордо ќе го прославиме тој празник, изјави Груевски во Хиподром.
Груевски потенцираше дека СДСМ немаат прокти, колку како што вели тој да одат со нешто во рака, па токму поради тоа зборуваат за вода, за воздух, за магла, за ветер.
-Видоа дека не можат да победат со работа, па удрија на криминални избори, удрија на масовен поткуп. Дваесет милиони евра имаат вложено, од кои најголем дел, на 80 проценти се во поткуп, директен како никогаш досега. Илјадници граѓани ни се јавија да ни кажат, се плашат да излезат јавно, се плашат за нивната безбедност, за нивното работно место, изјави Груевски.
Груевски кажа дека има големи закани, како што се некакви кривични пријави, но порача дека не треба да се плаши народот, на овие закани ќе им дојде крајот.
-Во Македонија спроведоа африкански избори. Пукнат череп на кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, испокршени штабови на партијата, следени кандидати за градоначалници, т.н. бугарски возови, вишок и недостаток на гласачки ливчиња, слики на партиски активисти во натпревар чии пиштол подобро пука и е поголем, а полицијата молчи, затоа што е соучесник, затоа што сите видовме дека таа се претвори во стража, на чувари на оние што вршеа поткуп, изјави Груевски.
Тој кажа дека полицијата била активна за да ги запре стражите на ВМРО-ДПМНЕ и врати назад.
-Нема да не сопрат, бидејќи народот гледа што се случува и се ќе им се врати како бумеранг, ќе има одговорност еден ден за оваа работа. Крајната цел е да се сузбие секој слободномислечки Македонец, кој се грижи за својата држава, кој ја сака својата земја, го сака името на својата држава, нација, јазик, својот идентитет. Се сака на разни механизми да се делува на тоа сакањето на државата да стана демоде, а модерно да стане геј браковите, легализација на марихуаната, на дрогите, промоција на алкохолот. Ненормалното да стане нормално, нормалното да стане ненормално. Тоа е оваа власт, поведена од желбата по секоја цена да се биде на власт, па макар и вазалска, изјави Груевски.
Груевски кажа дека оваа власт ги донесе криминалците на слобода, а патриотите по затвори.
-Немилите настани на 27 април беа намерно испровоцирани, луѓето можеби погрешија што го направија тој чекор, што влегоа и физички се пресметаа со оние кои што го скршија уставот и на незаконски и неуставен начин, насилно избраа претседател на Собранието, изјави Груевски.
Тој кажа дека можеби погрешиле, но не како што погрешиле убијците на пет деца, само затоа што биле Македонци, дека не погрешиле како 1.050 криминалци кои ќе бидат ослободениод Заев. Тој кажа дека не треба да одговараат луѓето од 27 април, бидејќи нив ги понела емоцијата и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ги ослободи.
-Додека сето ова се случува, економијата паѓа секој месец, девизните резерви паѓаат секој месец. Имаме Македонија која што е сериозно економски разнишана, прогнозите за раст постојано се намалуваат, беа 3,5 , па 3, па 2,5 , па 2, последната прогноза 1,5. Оние кои што се задолжени на телевизија да го бранат СДСМ велат добро е и 1,5 , па нели 3,5 ќе беше. Просечната плата ветуваа дека ќе расте но таа почна да паѓа. Пензиите ветуваа дека ќе пораснат, но запре растењето на пензии. Стандардот не оди нагоре, туку се намалува, сиромаштијата расте, државата е на колена, изјави Груевски.
Тој кажа дека сепак имале време да го склучат штетниот договор со Бугарија, кој ќе ја промени македонската историја, ако не веднаш тогаш понатаму, како што кажа Груевски, кој исто така и побара да има референдум за овој договор.
-Бугарите треба да му честитаат на својот премиер што издејствува за својата држава, но оној што кај го донесоа за премиер, нема лице да се појави пред народот со овој договор. Затоа го повикуваме на референдум за овој договор, да излезе и да се произнесе народот, ако народот го прифати нека го гласа Парламентот, ама ако не го прифати да се откаже и СДСМ од него, изјави Груевски.
Тој напомена дека целта на ова е промената на името на државата.
Тој кажа дека заеднички ќе се спротистават и порача дека не треба да се дозволи да добијат целосна власт, да не станат шерифи.
-Во сите години на власт на СДСМ, па и во овие пет месеци, не направија ништо, еден проект не се направи во Гази Баба. Некој ќе рече времето е кратко, кратко е ама Тони Трајковски за овие пет месеци направи на 10 километри улици во Гази Баба. Значи можело и поинаку за пет месеци, изјави Груевски.
Груевски кажа дека од 2006 до 2016 година, бројот на вработени е зголемен за повеќе од двојно, од 7.400 на 15.400. Напомена и дека тоа не било случајно, дека тоа било плод на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кон инвеститорите. Тој најави дека кога ќе ја добијат мнозинската доверба од граѓаните ќе почнат повторно да ги враќаат инвеститорите во Македонија.
Груевски напомена дека таму е дојден во очи на празникот 23 октомври, денот на Македонската борба, денот на ВМРО, денот на формирање на МРО, а како