Груевски: Се ближи крајот. Поминаа 2 и пол години, има уште 2 дена

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес (09.12.2016), во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, при што се обрати г. Никола Груевски, претседател на  ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани граѓани на Македонија, драги пријатели,
Денес е последен ден од изборната кампања. Во недела се одлучува.
Оваа прес конференција ја свикавме за да испратам неколку пораки.
Најпрво би сакал да се заблагодарам на сите активисти и симпатизери на нашата партија, на поддржувачите, и на сите граѓани што 20 дена посветено, мирно и одговорно учествуваа и беа дел од изборните настани, но и независно не набљудуваа нас и нашите конкуренти и носеа одлука за кого ќе гласаат.
Да ви кажам искрено, тактиката на СДСМ мислејќи којзнае што ќе добијат со тоа, да направи избори во декември аир им донесе само на аптеките, кои ни продаваа чаеви и витамини, а на некои луѓе  дури антибиотици, затоа што премрзнувавме заедно со вас, но докажавме дека ни -8 во Кочани, ни -5 во Виница, ни сув студ во Битола, Паланка, или силниот ветер во Велес и други места не можеа да ја запрат громогласната порака која ечеше низ Македонија изминатиов период – Македонија силна и единствена, без двојазичност низ цела територија и кантони, а со напредок проекти и конкретна и реална програма!
Ветивме пресинг на терен и присуство секаде, мислам и дека во тоа успеавме. Изборните штабови тоа буквално го сфатиле па имав така набиена агенда што на моменти од прилепско Канатларци, наеднаш летав накај Св. Николе, или од струмичко Муртино до скопско Ѓорче Петров. Но поминавме одлично и масовноста на нашите настани  како и срдечноста на луѓето кои ги сретнувавме беа доказ дека сме на вистинскиот пат, народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и  да продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите.
Имаме уште два дена кои треба исто одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши.
Изминативе денови има многу информации и дезинформации кои кружат помеѓу граѓаните, но посебно и во рамки на изборните кампуси.
Треба само мудро и со ладни глави.
Институциите мора да делуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив, ова се однесува меѓу другото и најважно и на институциите со кои раководи СДСМ, а нашите пријатели од меѓународната заедница да ни помогнат партнерски и пријателски, да ни помогнат да се справиме со предизвиците.
Не заборавајте што беше главната цел на инспираторите и спроведувачите на сценариото за дестабилизација на Македонија. Сакаа од самиот почеток да не закрват и да почнеме да се однесуваме сите деструктивно и да се подели македонското ткиво за да можат полесно да делуваат против нашата држава.
Се ближи крајот на сето тоа. Поминаа 2 и пол години, има уште два дена.
Не дозволувајте да ви ја одземат државата и вашето право слободно да одлучувате по сопствено убедување.
Храбро, гордо и достоинствено сите заедно да се спротивставиме на сето ова што се случува.
Се случуваат последни обиди на разни структури да променат нешто, да проблематизираат, но мора сите одговорно и демократски да не дозволиме да успеат, да не се подлегнува на никакви провокации и обиди за закрвување.
Тоа е мојата порака до вас, уште два дена, не дозволувајте сега на крајот да не закрват, не подлегнувајте на провокации.
Тоа се последни обиди на еден систем во распад, на Зоран Заев и подземни структури зад него, но само внимателно, не не закрвија досега, нема ни отсега, никој не е поважен повеќе од граѓанинот на оваа држава, никој, ни поединци, ни раководства на партии, и мрачните структури сакаат да го заплашат поединецот, граѓанинот,затоа што го гледаат нивниот пораз, и јасно им е какви ќе бидат резултатите и што е волјата на народот.
 Само напред! Тоа сакам да го порачам на нашите граѓани, гордо и достоинствено, само напред, мирно и одговорно…
 Сите да излезете и да го дадете вашиот глас, ако сметате дека треба да ни дадете поддршка нам во ред, ние ќе бидеме благодарни и нема да ве изневериме, го знаете тоа, ние ја кажавме нашата програма и она за што се залагаме и што може да очекувате од нас, ако пак сметате дека треба да им дадете поддршка на Заев и неговите соработници, повторно во ред, поентата ми е дека тоа треба да е ваша и само ваша одлука. Јас сум убеден дека вие знаете што е подобро за вас, за вашите семејства  и што е подобро за Македонија!
11-ти декември недела, сите заедно да направиме да биде празник на демократијата и ден на гордост. А вечерта да слави Македонија!
Македонија ќе оди напред после 11-ти декември, ќе почне нова ера, и вие ќе сте дел од новата ера за Македонија!  
 Почитувани граѓани на Македонија, драги пријатели,
Денес е последен ден од изборната кампања. Во недела се одлучува.
Оваа прес конф

Пронајдете не на следниве мрежи: