Груевски: Сѐ и сешто ќе се изнаслушаме од СДСМ во наредните 100 дена

Loading...

Задоволен сум што конечно на некој начин успеавме СДСМ да го доведеме во ситуација веќе да не може да ги избегнува изборите, да не може да вади нови изговори и алиби, затоа што сѐ што имаа да кажат, на сѐ се одговори, на сѐ се даде одговор и за сѐ се постигна некаква согласност, односно им се одговори на нивните барања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по завршувањето на лидерската средба.- Направивме многу чекори со цел да ги доведеме СДСМ во ситуација да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да нема каде да бегаат, да мора да се соочат со народот и да му овозможат на народот да излезе на гласање и да си го каже својот збор. Точно знам дека народот на изборите ќе го казни ова дејствување и работење и сето она што и го направи СДСМ на Македонија во изминатите година и половина, рече Груевски.
Тој оцени дека е добро што денеска СДСМ ја потпишале изјавата со која потврдуваат дека ќе излезат на избори на 11 декември, иако, како што рече, секогаш после сето она што го направиле во изминатите месеци и двете одлагања што се случиле, секој потпис и збор на СДСМ го гледа со резерва затоа што никогаш не може да се знае што во меѓувреме ќе направат.
– Денеска на сѐ добија одговор, сѐ им беше удоволено и мораа да ја потпишат изјавата и да излезат на избори каде што народот ќе го има главниот збор. Ние сакаме да дојдеме до ситуација каде што народот ќе го има главниот збор. Ниту Зоран Заев, ниту Никола Груевски, ниту еден, или друг или трет, туку сите граѓани на РМ. Тие гледаа, слушаа, ценеа, видоа сѐ што се случуваше во овие две години и видоа кој за што и како работи, гледаат кој се бори за државата, кој работи да се создадат дела, да се создадат работи, да се отворат нови работни места, да се донесат инвестиции, кој пак работи да се направи деструкција, кој работи во правец на правење или продолжување на кризи, рече Груевски.
На 11 декември, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, народот ќе излезе и ќе го каже своето мислење, односно која политичка опција сакаат да ја води Македонија во иднина.
– Политичка опција што прави кризи, политичка опција која што прави деструкција или, пак, политичка опција која што отвора нови работни места, го развива здравството, образованието и којашто им дава перспектива на луѓето и на државата, нагласи Груевски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски рече дека во следните 100 дена очекува од СДСМ да ја користат познатата реторика од минатите избори.
– Пред секои избори нешто се закануваат, нешто предупредуваат, даваат на знаење, кажуваат колку и како ќе победат итн. Тоа сте го гледале на сите избори досега и тоа ќе го гледате и наредните 100 дена. Ќе ни се закануваат и ќе не заплашуваат, ќе нѐ предупредуваат и ќе кажуваат дека цел народ ќе гласа за нив, дека ќе ја ослободат Македонија. Сѐ и сешто ќе се изнаслушаме во наредните 100 дена. Но, народот е свесен, доволно е зрел да оцени кој политички тим, кое политичко водство е позрело и поспособно да ја води државата понатаму, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.- Направивме многу чекори со цел да ги доведеме СДСМ во ситуација да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да нема каде да бегаат, да мор

loading...