Груевски се сретна со Младен Иваниќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ на која двајцата соговорници позитивно ги оценија односите меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемно пријатество и разбирање.Груевски, соопштуваат од партијата, го запозна својот соговорник со аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, и позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања и начините за надминување на предизвиците.
-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата договорена во соседна држава од премиерот на Албанија Рама, од Тирана, и негативните последици што се предизвикуваат од таквото мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Беше посочено дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо што Тиранската платформа стана основа за договор и функционирање на владата договорена од СДС, платформа која не беше понудена на избори со што практично се прави изборна измама на граѓаните, стои во партиското соопштение.
 
Било истакното дека ВМРО-ДПМНЕ е за зачувување на унитарноста, граѓанскиот карактер и почитување на правата и принципиелна поддршка на сите заедници во државата, и соживот меѓу Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите Власите, Бошњаците и останатите.
Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека единствениот начин за излез од политичката криза, и постигнување на стабилност е спроведување на брзи парламентарни избори, заедно со редовните локални избори каде граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската Платформа која ја прифати СДС.Груевски, соопштуваат од партијата, го запозна својот соговорник со аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, и позициите и ставовит

Пронајдете не на следниве мрежи: