Сега е твоето време. Сега ти се прашуваш и ти го даваш одговорот. Ти и никој друг. Затоа што некои прашања навистина заслужуваат одговор. Зад параванот за гласање сам со себе, таму е твојот одговор за малите нешта, ама и за големите работи. А пред се на твојата Татковина Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Никола Груевски на вечерашниот голем митинг кој партијата и Коалицијата го одржаа во Струмица.-Слушајте си го срцето.Сетете се на моментите кога сте биле вистински среќни, кога сте направиле успех на било кој план, кога сте се израдувале на добра оценка на училиште, кога првпат сте се вљубиле, кога сте славеле матурска, кога сте положиле приемен или ве известиле за прием на факултет, кога сте го кажале судбоносното „да“ со саканата или саканиот, кога сте тргнале по невеста со ударот на тапанот, како ви чукало срцето, кога сте го славеле раѓањето на вашите поколенија, кога вашите родители ви кажувале за нивните родители како еснафи какви луѓе биле полни со принципи и боемска нарав, со мудрости поговорки и шеги.Сетете се на моментите кога победуваа кошаркарите, ракометарите, кога се славеше 20 годишнината од државноста….какво беше чувството на гордост кај сите.Тие чувства, тие моменти, сите тие минути и денови. Тоа е твојата Македонија. Македонија не е полна со омраза и поделеност, не, твојата македонија е полна со љубов и убави моменти, со гордост, достоинственост, смеа и посветена работа. Тоа е твојата Македонија, рече Груевски.-Слушајте си го срцето.Сетете се на моментите кога сте биле вистински среќни, кога сте направиле успех на било кој план, кога сте се израдувале на
Пронајдете не на следниве мрежи: