Сè што досега поднесоа е без никакви докази против било кого. СЈО е ставено во фунција на СДСМ, во функција на неговите цели, таму има директна комуникација помеѓу нив и практично што ќе одлучи СДСМ тоа ќе се пушти, тоа ќе оди во обвинение. СДСМ треба да знаат дека сето тоа ќе им се врати еден ден. Едноставно сè што се прави лошо и зло, без причина, без докази, еден ден се враќа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на тема СЈО при своето денешно гостување во Дневникот на „Алфа“.-Специјалното јавно обвинителство (СЈО) различно од тоа што се договараше во Пржинскиот договор, нам ни беше кажано дека ќе биде неутрално, дека ќе ги испита сите случаи, дека нема да се води од политички мотиви, дека ќе биде на страна од партиите, дека е добро во Македонија да се расчистат сите овие шпекулации кои што се создадоа, и ние под едни такви услови го прифативме тоа, рече Груевски.
Груевски нагласи дека тоа излезе целосно партиско, партизирано, послушно на СДСМ обвинителство, кое што се стави во функција на целите на СДСМ да дојде на власт, да ја ослабне и компромитира ВМРО-ДПМНЕ и без никакви докази да поднесува судски обвиненија.
-Така тргнаа, веројатно така и ќе продолжат верувајќи дека на тој начин ќе му помогнат на СДСМ. Сè што досега поднесоа е без никакви докази против било кого и веруваат дека ако СДСМ ги стави своите партиски канџи врз судството, дека на тој начин ќе се изврши притисок врз судиите, па нешто да им помине на суд, односно некого невин да го осудат. СЈО е ставено во фунција на СДСМ, во фунција на неговите цели, таму има директна комуниакција помеѓу нив и практично што ќе одлучи СДСМ тоа ќе се пушти, тоа ќе оди во обвинение, рече Груевски.
Тој додаде дека смета оти тие ќе си останат доследни на нивните заложби без никакви докази, со крајно лажни обвинувања на класични партиски прес-конференции да продолжат додека имат мандат за тоа и да ги обвинуваат, да ги потрупаат со обвиненија.
-Но СДСМ треба да знаат дека сето тоа ќе им се врати еден ден. Едноставно сè што се прави лошо и зло, без причина, без докази еден ден се враќа. Тоа е тоа, таков е животот, заклучи Груевски.
-Специјалното јавно обвинителство (СЈО) различно од тоа што се договараше во Пржинскиот договор, нам ни беше кажано дека ќе биде неутрално, дека ќе