Подготовките за изградба на затворена тениска арена и сала за гимнастика во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ добро се одвиваат, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Груевски појасни дека во моментов се прави проектот и ќе биде објавен конкурс. Според проценките на експертите, како што рече, тоа се прави за околу три месеци и најдоцна во мај, јуни следната година ќе почне изградбата на оваа сала, која ќе има неколку компоненти.
– Ќе има три терени за тенис и еден за падел-тенис. Ќе има професионална гимнастичарска сала, според највискоите стандарди на Светската федерација за гиманстика. Ќе има повеќе сали за боречки спортови, тука ги вклучуваме карате, бокс и борење и другите слични спортови, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на ГОБ „8 Септември“.
Тој нагласи дека се работи за еден комплекс, една зграда која ќе биде поделена на три дела, каде ќе може да се тренира и да се одржуваат натпревари во овие категории.
– Првпат ќе добиеме затворени тениски терени кои ќе бидат монтажни и во летен период ќе можат да се отворат и да се користат, рече Груевски и додаде оти не се работи за балони, туку за објекти, кои ќе бидат затворени и ќе можат да се отвораат на лето.Груевски појасни дека во моментов се прави проектот и ќе биде објавен конкурс. Според проценките на експертите, како што рече, тоа се прави за