Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ,веднаш по прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов поднесе барање до него за поништување на одлуките за прекин на кривичните постапки.Иванов денеска на прес-конференција рече дека цврсто е убеден дека одлуката донесена пред три дена ќе помогне за надминување на политичката криза и намалување на тензиите меѓу политичките противници.
-Внимателно ги проследив и ги анализирав сите реакции по мојата одлука. Сметам дека одлуката го штити исклучиво државниот интерес и ве информирам дека останувам на истата. Уште еднаш повторувам, секој оној кој смета дека сум му одземал право, сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес, рече Иванов.Иванов денеска на прес-конференција рече дека цврсто е убеден дека одлуката донесена пред три дена ќе помогне за надминување на политичката криза и