Груевски со честитка по повод почнувањето на Рамазанските пости

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од негово и од име на партијата испрати честитка по повод започнувањето на Рамазанските пости до поглаварот на Исламската заедница и сите граѓани од исламска вероисповед.Нека деновите на светиот месец Рамазан Ви бидат исполнети со мир, благодет и радост. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите. Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата, се вели во честитката.
Груевски пишува дека Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле.
-Нека светиот месец Рамазан Ви помине во лесен пост, радосни празнични денови. Радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот, се вели во честитката од Груевски.Нека деновите на светиот месец Рамазан Ви бидат исполнети со мир, благодет и радост. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добро

Пронајдете не на следниве мрежи: