Дури 28,8 отсто од испитаниците најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, покажува најновата анкета на Институтот Павел Шатев спроведена во периодот меѓу 26 и 29 Септември на 1260 испитаници, со цел за да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија.Груевски има тројно поголема доверба од опозицискиот лидер Зоран Заев, кој има рејтинг од 8,8 отсто. Али Ахмети има рејтинг од 5,5 отсто, додека лидерот на ДПА Мендух Тачи 2,8 отсто. Заменичката на Заев, Радмила шекеринска има доверба од минорни 0,6 отсто од испитаниците.
-Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, информираат од Институтот.
Груевски има тројно поголема доверба од опозицискиот лидер Зоран Заев, кој има рејтинг од 8,8 отсто. Али Ахмети има рејтинг од 5,5 отсто, додека ли