Груевски: Со проектите „Македонија вработува“ и „Македонија 2“ вработени повеќе од 25.000 лица

Проектот „Македонија вработува 2“ тече одлично. Тој започна на 28 јуни минатата година, што значи дека сега на 27 јуни ќе заврши. Досега од овој проект се вработени околу 6.000 луѓе, а заедно со „Македонија вработува 1“ бројката е над 25.000 отворени работни места во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Вели дека тоа е како да се отвориле отприлика 12 или 13 фабрики со по 500 вработени.
Груевски посочи дека со оваа мерка се овозможи голем број луѓе кои имаа тешкотии да дојдат до вработување да се вработат.
-Се овозможи на голем број луѓе, особено ранливите категории кои што тешко можеа да дојдат до вработување, да им се најде вработување, да се охрабрат компаниите да ги вработат, односно да им се дадат екстремно добри услови, како никаде досега да ги вработат, потенцира Груевски.
Според него, двата проекти се најдоброто нешто што и се случиле на Македонија во последните 25 години.
-Се разбира „Македонија вработува 2“ започна во период кога веќе заврши „Македонија вработува 1“ и најголемиот потенцијал за искористување на мерката беше искористен,така што за „Македонија вработува 2“ потенцијалот беше помал, но севкупно, двата проекта се најдобрите нешта што и се случиле на Македонија во последните 25 години. За толку малку време, за неполни 2 години, само со еден проект во два дела да отворите над 25.000 работни места е огромен успех. Тоа е еден од најдобрите проекти во историјата на независна Македонија, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги потсети компаниите дека проектот завршува на 27 јуни годинава, и рече дека секоја фирма која има потреба од работници треба да ја искористи оваа мерка со екстремно погодни услови.
-Сакам да ги потсетам компаниите дека проектот завршува на 27 јуни, што значи дека секој еден кој што има било каква можност, потреба, да вработи некого по екстремно погодни услови, со неплаќање многу давачки кон државата. Шансата е до 27 јуни, потоа тој завршува и нема таква можност, посочи Груевски.
Тој очекува дека до крајниот рок на оваа мерка, бројката на вработени ќе нарасне, дека компаниите ќе ја искористат зашто, како што вели, таа е направена и дизајнирана да биде во интерес на компаниите.
-Досега 4.100 компании ја искористија оваа мерка што е огромна бројка на фирми и верувам дека до завршувањето на рокот од 27 јуни уште поголем број ќе ја искористат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Вели дека тоа е како да се отвориле отприлика 12 или 13 фабрики со по 500 вработени.
Груевски посочи дека со оваа мерка се овозможи голем б

Пронајдете не на следниве мрежи: