Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска ја посети црквата Свети Димитрија која се наоѓа во централното градско подрачје во Скопје.Православните верници го празнуваат Духовден, кој има големо значење за верниците, што придонесе и македонските цркви да бидат преполни уште од раните утрински часови.
Откако како и сите присутни верници запали свеќи, Груевски убавото време го искористи за куса прошетка со сопругата Боркица и двете ќерки Софија и Анастасија. Груевски застана и на препознатливиот штанд за книги кој се наоѓа на шеталиштето на улица „Македонија“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше запиран од случајни минувачи и отпоздравуван. Тој со насмевка возвраќаше на поздравите и на секого посветуваше време за разговор.
Православните верници го празнуваат Духовден, кој има големо значење за верниците, што придонесе и македонските цркви да бидат преполни уште од ран
Пронајдете не на следниве мрежи: