Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ, се вели во телеграмата со сочувство која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја испрати до францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно. Темелите на кои се базира нашата цивилизација не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени. Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција, стои во темеграмата со сочувство.Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик п
Пронајдете не на следниве мрежи: