Груевски: Со свесното прекршување на законските процедури СДС најдиректно ги предизвикаа настаните

Го осудувам начинот на кој СДС и другите партии кои ги поддржуваат одлучија денес да направат обид незаконски да озберат претседател на парламентот, еклатантно кршејќи ги сите демократски и законски процедури, со што во крајна мера и свесно придонесоа за зголемување на тензиите и поларизација во нашето општество. Бројните провокации во измиантите денови, не само кон нас од ВМРО-ДПМНЕ, туку и кон огромното мнозинство македонски граѓани, а особено кон македонскито народ се директен причинител за оваа ескалација на состојбите оваа вечер, зиајви на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола груевски.Груевски рече дека начинот на кој што се обидоа да изберат претседател на Собранието е целосно незаконски, противуставен и надвор од правилата на Деловникот за работа на Собранието.
-Раководството на СДСМ, како и дургите партии од нивната коалиција добро го знаат тоа и тие свесно одлучија да го прекршат Законот, Уставот и деловникот, со што најдиректно ги предизвикаа настаните и сносат одговорност за тоа. Слушнав дека вечерва славеле со музика во штабот на СДСМ, со што само уште еднаш ја докажаа својата незрелост и антидржавничко однесување. Овој ден во Македонја не е ден за славење. Нивниот однос и постапки, ја ставија Македонија на голем срам и презир пред меѓународната јавност и директно го загрозија уставниот поредок на државата, изјави Груевски.
Добивањето можност сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија да се изјаснат во рамките на со деловникот лимитираното време, рече Груевски, ќе покажеше демократска зрелост на Македонија.
-Алчноста за доаѓање на власт по секоја цена, дури и со прифаќање на антидржавни платформи креирани во друга држава, подготвеноста да ги стават на коцка државните и националните интереси заради гола власт, и бегањето од ново соочување со народот на избори, е директна причина заради која дојде до оваа несакана ситуација. Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави своите следни чекори, но ВМРО секогаш била и ќе остане  на страната на народот, на страната на уставот и на страната на националните интереси на државата,  затоа што постои токму заради народот, и заради Македонија, рече Груевски.Груевски рече дека начинот на кој што се обидоа да изберат претседател на Собранието е целосно незаконски, противуставен и надвор од правилата на Д

Пронајдете не на следниве мрежи: