Оперативните мерки за вработување се одвиваат без проблеми и покрај политичката криза и само оваа година со овој план се предвидуваат нови 10 илјади вработувања што заедно со претходно реализираните 43.000 ќе достигнат вкупно 53 илјади вработувања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје.– Заедно со проектот „Македонија вработува 2“ ќе имаме околу 10 илјади нови работни места од оваа оперативна програма само во оваа година. Засега работите одат добро и нема некоја загриженост околу нејзиното спроведување. Граѓаните се оние коишто се заинтересирани за оваа програма, добро се запознаени, редовно ги посетуваат просториите на Агенцијата за вработување и работие се одвиваат според замисленото. Средства во буџетот се обезбедени и се користат. Така што оваа бројка од 53 илјади вработувања е многу сериозна бројка од само еден оперативен план, кој секоја година се промовира и проширува, односно се надградува и се реалзира, рече Груевски на новинарско прашање за спроведувањето на оперативниот план за вработувања на Владата.– Заедно со проектот „Македонија вработува 2“ ќе имаме околу 10 илјади нови работни места од оваа оперативна програма само
Пронајдете не на следниве мрежи: