Андреј Жерновски е градоначалник кој не работи ништо, не ги исполнува ветувањата и кој и нас не попречува во работењето, вели премиерот Никола Груевски во интервју за Пресс24, одговарајќи како ја оценува работата на градоначалникот на Центар.– Андреј Жерновски е малиот Бранко Црвенковски. Како треба да оценам човек на кого идол му е Црвенковски?! Тој не е градоначалник туку политичар со празна реторика во општината. Центар доби парадер, експерт за јавно препукување, експерт за глумење жртва и голем неработник, наведува Груевски и додава дека Жерновски не сработил ништо освен, како што вели, по некое паркче од 10 на 10 метри, и боемската улица за која потрошил два милиона евра.
– Ај што не работи, туку со сите сили и нас не кочи да не сработиме нешто. Ама за ветувања, и секојдневни прес конференции за конфронтација со нас е секогаш спремен и тоа го исполнува. Еве сега од ова што го спомнавме, месец дена ќе се објаснува со изјави и пресови, ама некоја нова улица, булевар, нов мост, и слично нема да видиме. Тој така ја сваќа политиката. Ние ја сфаќаме поинаку. Затоа работиме и исполнуваме ветувања, вели Груевски и посочува оти Жерновски уште не го почнал училиштето што го најавувал три години, како и гасификацијата за училиштето „Димитар Миладинов“.
– Ако на центарци им треба човек да не гради ништо, го имаат вистинскиот. Ако се случи да добие втор мандат, секој иден кандидат за градоначалник на Центар веројатно ќе почне да се натпреварува по тоа колку нема да гради и создава, колкав неработник ќе биде, и колку прес конференции за голо и неаргументирано плукање ќе одржи за време на својот мандат. Но добро е што доби извршна функција. Да го видат луѓето не само на зборење, туку и на дело, посочува Груевски.
Прашан да го коментира случајот со личните карти што го објави неделникот „Фокус“ премиерот наведува дека вистината излегла на виделина и оти „не е чудно што министерот за внатрешни работи Спасовски Оливер молчел и не давал одговор на ова прашање долг период по нашите прозивки и се видело дека нешто се криело“.
– Кој ќе сноси одговорност сега за ова? Истрагата мора да оди до крај, во спротивно ќе се смета дека Заев, Спасовски и СДСМ нешто кријат. Кај се 30-те илјади лични карти? Каде се? Како тоа некој од ракав паушално ќе ве обвини за нешто и потоа кога ќе бидат фатени дека лажеле молк. Според тоа што го разбрав се докажало дека ниту една од 105-те лични карти, значи повторувам 105 лични карти а не 30 илјади, значи ниту една не била пуштена во промет. Не била употребена ни во изборен процес, ни во каков било случај, излез од граница или слично. Значи, истрагата мора да оди до крај и да се фати тој што го наместил ова, наведува Груевски во интервјуто– Андреј Жерновски е малиот Бранко Црвенковски. Како треба да оценам човек на кого идол му е Црвенковски?! Тој не е градоначалник туку полити