Премиерот Никола Груевски попладнево, по враќањето од Вашингтон, средбата со потпретседателот на САД Џо Бајден ја оцени како пријателска и одлична и истакна дека претставува уште една потврда на стратешкото партнерство со САД.– Гледам дека некои од македонските медиуми и опозицијата особено се занимаваат со техникалии – кој побарал средба, дали јас сум побарал средба, дали тој кој ја организирал средбата, што организирал… Јас повеќе би зборувал за суштината, а суштината е дека имавме многу пријателска и одлична средба со господинот Џо Бајден на која присуствуваше и госпоѓата Викторија Нуланд. Дека тоа е добро не само за нас, туку и за Република Македонија. Претставува уште една потврда на нашето стратешко партнерство со САД, држава која што во овие две и пол децении независност ни има многу помогнато и поддржано и ќе не поддржува и во иднина. Разговаравме за повеќе теми коишто веќе ги кажав во моја изјава што ја дадов уште во Вашингтон и којашто веќе е проследена во македонските медиуми, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за реализација на инвестиција со која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.– Гледам дека некои од македонските медиуми и опозицијата особено се занимаваат со техникалии – кој побарал средба, дали јас сум побара
Пронајдете не на следниве мрежи: